Ќе се изненадите каква убавица е сестрата на Елена – водителката не сте ја виделе во вакво издание
Водителката ја покажа родената сестра, многумина коментираат дека си личат....

Елена Стојановска-Јанковска е препознатливо лице од нашите мали екрани и важи за една од најубавите водителки.
Но покрај нејзините професионални успеси, јавноста не знае многу детали од нејзиниот приватен живот.
Имено, водителката овој пат привлече внимание на Инстаграм покажувајќи една личност со која е мошне поврзана.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Станува збор за нејзината сестра Катерина, атрактивна млада дама која на Елена отсекогаш и била голема поддршка во животот.
Елена сега покажа како тие се забавуваат на еден настан, а ова нивно опуштено издание ги изненади сите.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Елена која најчесто ја гледаме во елегантни изданија кога е пред рефлекторите, сега реши да покаже како се забавува и како изгледа далеку камерите, во друштво на блиски личности.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Покрај неа блескаше и нејзината сестра, а ова нивно расположено издание ги изненади, но и воодушеви нејзините следбеници.
Тие не го криеја своето воодушевување, а сличните насмевки и црти на нивните лица само ја нагласија нивната поврзаност.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Елена со ова покажа колку ги цени сите оние што ги чувствува блиски, а нејзината сестра очигледно не само што е нејзин најдобар пријател туку и одличен партнер за луди авантури кои долго време ќе ги паметат.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Потсетуваме, Елена која важи за една од нашите најпознати и најомилени лица од малите екрани е во среќен брак со нејзиниот партнер Огнен Јанковски, а круна на нивната голема љубов е нивната ќерка Илина.
Каква е Елена и како мајка, но и каква е нејзината ќерка, дознајте тука…