Наши ѕвезди

Ќе се изненадите каков „ѕвер“ вози Игор Џамбазов – погледнете ја и дамата што седи до него (видео)

Еве што му е најголем ќеиф на Џамбазов

Advertisement

Многу претставници на естрадата сакаат скапи автомобили, но малкумина знаат што вози легендарниот Игор Џамбазов.

Имено, Џамбазов денес објави едно видео во кое во главна улога е неговата Ферхунде, но се гледа и неговиот автомобил.

Advertisement

Тој ја снимаше Ферхунде како сама влегува на совозачкото седиште и потоа заедно заминаа во ресторанот Фуктак на чкембе чорба.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

„Во Фуктак на чкембе чорба. Јас ја јадам чорбата, а Ферхунде чкембето…“, напиша Џамбазов под видеото што го објави на Инстаграм, а водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, се пошегува со коментар:

Advertisement

„Не треба два пати да и кажеш за кафана“, напиша Ведрана алудирајќи на тоа што Ферхунде веднаш влезе во автомобилот.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Инаку, многумина го обожаваат Џамбазов токму заради неговата скромност, а тој сега покажа дека е таков и кога е автомобилот во прашање. Благодарение на својата успешна повеќедецениска кариера и напорна работа како актер, но и како музичар и писател, па и шоумен, досега сигурно можел да се почести со повеќе скапи автомобили, но очигледно тоа воопшто не му прави ќеиф.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

На Џамбазов слаба точка му е природата и мирот што таа му го нуди, нешто за што треба да се има желба, а не се купува со пари.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

И токму затоа Игор живее во Дојран наместо во Скопје, каде и си ја гради својата оаза на мирот со прекрасен поглед кон езерото.

Повеќе за неговиот нов дом откријте тука

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button