Ќе се изненадите каков фраер е зетот на Наум Петрески – од ќерка му не се одвојува, дедото си го обожава
Весело и распеано семејство...

Наум Петрески и Зуица Лазова се еден од најпознатите музички парови, а по нивни стапки тргнаа и нивните деца.
Но покрај Македонка и Стефан, Наум Петрески од претходниот брак ги има и ќерките Анастасија и Сања.
Интересно е тоа што и Анастасија, неговата најстара ќерка, која исто така е пејачка и тргна по стапките на својот познат татко, е во брак со популарен македонски музичар.

Фејсбук
Имено, Анастасија е во брак со Владимир Поповски, поранешниот пејач на познатата група „Биоритам“.
Тие и пред да се земат беа неразделни, а се венчаа на почетокот од 2019 година и потоа набргу се остварија во улога на родители.

Фејсбук
Тогаш се роди нивната ќерка Андреа, првата внука на Наум, а по три години, јуни 2022. се роди и малиот Лука.
Но и покрај тоа што и двајцата се музичари, за приватниот живот на Анастасија и Владимир се знае многу малку, посебно откако запловија во брачните води и се остварија во улога на родители.

Фејсбук
Тие ретко се експонираат заедно во јавноста, иако Владимир везден настапува во најпознатите места низ Македонија.
Тие и двајцата имаат голема поддршка од нејзиниот татко Наум, кој никогаш не криел дека најмногу ужива со своите внуци.
Потсетуваме, Анастасија името го доби по својата баба, мајката на Наум, од која и двајцата го имаат наследено талентот.

Имено, мајката на Наум ги изненади сите кога минатата година, на 81-годишна возраст, сними дует заедно со снаата Зуица.
Песната „Ќе ти купам свилен фустан бре Зуице“ тогаш ги воодушеви сите, а повеќе за ова прочитајте тука >>




