Наши ѕвезди

Ќе се изненадите како сопругот со децата ја расплака поранешната македонска Гранд ѕвезда (видео)

Момент што нема никогаш да го заборави

Advertisement

Тие важат за еден од највљубените парови од „Ѕвездите на Гранд“, а сега уште еднаш покажаа и зошто е тоа така.

Пејачката од Македонија, Елена Миленковска, својот сопруг го запозна уште додека се натпреваруваше во популарното шоу.

Advertisement

Тие наскоро започнаа и врска, а по некое време Гуте Маринковиќ ја запроси и Елена остана да живее со него во Белград.

Инстаграм/ Елена Миленковска

Тие веќе со години уживаат во складен брак и имаат две деца, синот Максим и ќерката Миона, а на социјалните мрежи не ретко споделуваат и интимни семејни моменти со кои ги воодушевуваат сите.

Advertisement

И двајцата уживаат во родителството и нивната среќа многупати предизвикува насмевки кај многу нивни следбеници.

Инстаграм/ Елена Миленковска

Но овој пат најсреќна беше мама Елена која од својот сакан доби преубаво изненадување за роденденот.

Инстаграм/ Елена Миленковска

Имено, Гуте заедно со нивните две деца и направија вистинско роденденско изненадување на убавата пејачка.

Инстаграм/ Елена Миленковска

Носеа роденденски капчиња, балони имаше насекаде, а на масата беше и малата торта со свеќичка, додека во позадината се слушаше џагорот на дечињата кои набројуваа зошто најмногу си ја сакаат својата мама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Посетуваме, Гуте ја запроси својата сопруга токму на еден нејзин роденден, кога пејачката наместо подарок си доби веренички прстен.

Тие денес важат за еден од најскладните парови на естрадата, а според она што може да се види на нивните социјални мрежи, во нивниот дом владее мир и хармонија.

Инстаграм/ Елена Миленковска

И двајцата не се откажаа од најголемата љубов – музиката, но максимално се посветени на нивното семејство.

Инстаграм/ Елена Миленковска

Во 2020 година парот го доби првиот син, две години подоцна, во септември 2022 година, и ќерката Миона.

Инстаграм/ Елена Миленковска

„Многу ми недоставува Скопје. Можеби не толку градот колку што луѓето кои ми останаа во него. Незаборавни моменти и бескрајна љубов ме врзуваат за Скопје“, изјави Елена во една пригода за Гламур магазин, па го додаде и следново:

„Искрено јас сум човек на кој не му треба многу да биде среќен. Така бев среќна во Скопје а сега сум уште посреќна овде во Белград бидејќи имам се што ми треба. Прекрасно семејство и работа која ја работам со многу љубов“, откри тогаш македонската „Гранд“ ѕвезда.

Целото интервју со Елена прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button