Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се изненадите како изгледал пејачот Наум Петрески во младоста – македонскиот славеј некогаш и сега

Познатиот пејач пред речиси цели три децении...

Реклама

Веќе долги години е присутен на сцената, а стана препознатлив по својот моќен глас, но и шармот што го поседува и ден-денес.

Наум Петрески е еден од нашите најпознати фолк пејачи, веќе со години омилен на многу генерации Македонци.

Тој својата кариера ја започна во 90-тите и досега остварил многу успеси, но и останал доследен на македонската фолклорна музика.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутуб

Роден е на 7 декември 1966 година во Охрид, а своето детство и дел од возрасните години ги поминал во Лабуништа, родното место на неговите родители, едно од најубавите струшки села, но и воопшто во Македонија.

Маркетинг

Фејсбук/ Наум Петрески

Од самиот почеток на својата кариера има настапувано на бројни фестивали, често проследени и со многу значајни награди.

На сцената се појавува со песната „Наум бекрија“ која што ја испеа 1990 година на „Фолк хит на годината“, а веќе следната година со песната „Има ли песна“ ќе постигне неверојатен успех.

Принтскрин/ Јутуб

Имено, Наум тогаш на валандовскиот фестивал ќе освои дури четири награди – прво место од публиката, најдобар дебитант, второ место од жири и награда за интерпретација.

Принтскрин/ Јутуб

Еден од неговите настапи од ова време, односно од далечната 1995 година, кога Наум ја изведе познатата песна „Заради неа небо заплака“ во рамките на фолк вечерта на „Охрид фест – охридски трубадури“, погледнете во продолжение.

Принтскрин/ Јутуб

Наум тогаш имаше 28 години, а од видеото може да видиме дека и тогаш им бил верен на костумите и кошулите со добар крој.

Потсетуваме, Наум денес е среќно оженет со познатата фолк-пејачка Зуица Лазова со која ги има ќерката Македонка и синот Стефан.

Фејсбук/ Наум Петрески

Тој има и две ќерки од претходниот брак, Анастасија и Сања, а има и внучиња од најстарата ќерка, Андреа и Лука.

А како изгледа Наум и како горд дедо, погледнете тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button