Наши ѕвезди

Ќе се изненадите како изгледа денес жената што го освои срцето на незаборавниот Пепи Бафтировски (фото)

Таа беше дваесет и кусур години помлада од него, но нивната љубов беше како оние во холивудските филмови

Advertisement

Нивната приказна не траеше вечно, но нивниот развод помина тивко и без премногу помпа во медиумите.

Пејачката Ава Керш му беше сопруга на Пепи Бафтировси со кого таа ги роди своите две деца, ќерката Марина и синот Емил.

Advertisement

Пепи иако беше голема музичка ѕвезда уште од 80-тите години на минатиот век, во 2003 година заедно со сопругата и семејството ќе решат да се преселат во Соединетие Американски Држави, каде по кратко боледување ќе почине во 2008 година.

Принтскрин/ Јутуб

Една година претходно, односно во 2007 година, Ава и Пепи ќе се разделат, но и двајцата ќе останат да живеат во Америка.

Advertisement

Приватна архива

Пепи таму е и погребан, во Чикаго, и тоа по негова желба, затоа што сакаше да остане поблиски до своето семејство.

Неколку години претходно, односно пред да заминат преку барата, Ава и Пепи беа еден од оние парови кои привлекуваа внимание каде и да се појават. Како пар често беа во медиумите и заради големата разлика во годините – Пепи беше дваесет и кусур години постар од Ава, но кога решија да запловат во брачните води на сите им беше јасно колку е голема и силна нивната љубов.

Принтскрин

Неодамна на социјалните мрежи исплива една фотографија од овој нивен период, на која тие се во прегратки и насмеани.

Но за жал нивниот брак не траеше долго, па во 2007 година решија да се разделат, но останаа во пријателски односи.

Една година по разводот Пепи почина, но иако беа разделени, нивната љубовна приказна трае и до денес, односно спомените на љубовта на легендарниот македонски пејач никогаш нема да исчезнат.

Пепи во текот на својата кариера имаше бројни хитови, а негови најпознати песни се „Ако згрешам нека изгорам“, „Заветна“, „Сине мој“, „Друга љубов не сакам“, антологиски песни кои и денес се големи хитови.

Тие се препеани од многу наши познати музичари, а некои од нив како на пример „Заветна“, важат за нови химни на македонскиот народ.

Приватна архива

Неговото семејство остана да живее во Америка

Потсетуваме, Ава по разводот од Пепи остана да живее со своите деца во Америка, а благодарение на социјалните мрежи може да видиме дека поранешната македонска пејачка и денес, во своите 60-ти години, изгледа фасцинантно и зрачи со својот шарм каде и да се појави.

Приватна архива

Таа денес меѓу другото се занимава и со танц, па и покрај тоа што неодамна влезе во седмата деценија (на 4 февруари наполни 60 години), пејачката се уште изгледа одлично за своја возраст.

Приватна архива

„Мојата активност се различните танци. Имам редовни проби. А понекогаш земам и Зумба часови. Што се однесува до тоа како се грижам за себе, па не правам ништо посебно. Искрено овде животот е на трчање и немам време ни да размислувам толку околу тоа. Јас сум постојано активна. Се случува и после работните саати да продолжам и со работа дома“, откри пејачката во едно интервју за Гламур магазин, па го додаде и следново:

„Понекогаш патувам на конференции. Може и таа динамика ме одржува. Среќна сум кога сум зафатена“, откри тогаш Ава Гламур магазин, а целото интервју со пејачката може да го ѕирнете тука.

Немам естетски корекции и немам намера да правам – на кафе муабет со пејачката Ава Керш

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button