Наши ѕвезди

Ќе се изненадите, ама еве каков човек е победникот од Македонија – исплива видео што сите ги воодушеви

Покрај својот музички талент, ова покажува дека Никола е и човек со многу големо срце...

Advertisement

Никола повторно ги воодушеви сите

Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, во последно време е поприлично активен и на социјалните мрежи.

Advertisement

Тој речиси секојдневно споделува снимки и фотографии на својот профил како од настапите, така и од приватниот живот.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И со овие свои објави Македонецот кој триумфираше во популарното музичко шоу често знае да ги изненади сите.

Advertisement

Така беше и овој пат кога Никола сподели една интересна снимка за која зборуваат и медиумите од регионот.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Имено, Никола се снимаше додека се вози со својот автомобил и ја пее песната што во тој момент ја слуша во автомобилот.

Но во еден момент тој ќе застане и ќе го отвори прозорот, па откако ќе се поздрави со еден постар господин, ќе продолжи да пее заедно со него и ќе го воодушеви.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Никола со ова покажа колку големо срце има, но и дека е човек од народот, а за неговиот талент нема потреба да зборуваме.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тој на крај си доби и аплауз од човекот што сосем случајно го сретна, а видеото веднаш ги воодушеви бројните фанови.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Потсетуваме, Никола во „Ѕвездите на Гранд“ победи во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ и го воодушеви целиот регион.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тој по победата организираше победнички концерт во Скопје, а истиот помина феноменално и со денови се зборуваше за него.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Никола потоа се појави како гостин и на концертот на Цеца во Крива Паланка, кога познатата пејачка настапи пред 50.000 луѓе.

Како изгледаше овој нивен заеднички настап, но и која друга голема Гранд ѕвезда од Македонија беше со нив, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button