Наши ѕвезди

Ќе биде ли ова момче нашиот нов Мики Секуловски? Професорот од Македонија сите ги изненади

Професор по пеење од Македонија се пријави во „Ѕвездите на Гранд“ да го учи занаетот?

Advertisement

Битолчанецот Никола Зацески со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“ ги подели претставниците на жирито.

И додека едни го критикуваа, во што посебно се истакна Марија Шерифовиќ, Ѓорѓе Давид во него виде потенцијал и посака да биде во неговиот тим. Шармантниот Македонец настапи со песните Лихнида која што ја пееше на македонски јазик и со еден хит на „Тропико бенд“.

Advertisement

Но неговиот настап не ги импресионираше сите, па со судни маки успеа да помине во следниот круг, што ги изненади сите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, Светана Цеца Ражнатовиќ во последен миг го даде својот глас за него, па Никола токму неа и ја избра за менторка.

Advertisement

И како што самиот откри подоцна, ја избрал неа затоа што го спасила да не оди во бараж, иако се двоумел со уште еден член на жирито.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Никола по настапот доби жестоки критики од Марија Шерифовиќ која му порача дека е недозволиво некој како него, со негово образование, да погреши и да не избере вистински песни за себе.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Марија тогаш му порача и дека би можел слободно да си ја фрли дипломата во канта доколку повторно си дозволи таква грешка.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од друга страна Никола храбро и позитивно ги поднесе критиките, па по настапод дури го порача и следново:

„Работев како професор во училиште, работев и по клубови, но не се чувствував подготвен да дојдам“.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ете иронија, работам како професор, а дојдов тука да учам“, изјави во шега Никола по својот настап за „Гранд“.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button