Наши ѕвезди

Ќе бидам крај тебе, и тука и на оној свет – нова песна од Министерот што ќе биде хит на свадбите (видео)

Борче Наумовски се врати на сцената и го освои срцата на своите бројни обожаватели

Advertisement

Моја љубов, моја судбина – нова песна на нашиот пејач

со емотивна балада шпто цела Македонија Министерот со емотивни стихови што никого освојуваат на прво слушање – омилениот Министер

Advertisement

Нашата фолк-ѕвезда Борче Наумовски ги израдува своите фанови со новата песна која носи освежителна енергија на музичката сцената.

Принтскрин/ Јутуб, Роса

Станува збор за песна која е совршена за радио-станиците, но и која ги освојува љубителите на народна музика од прво слушање.

Борче кој во јавноста е познат и како „Министер за естрада“, песната премиерно ја изведе на „Фолк фест Роса“. Тој ги израдува своите фанови со песната, а деновиве се појави и снимка од фестивалот на платформата Јутуб каде сите оние кои не можеа да ја слушнат во живо и на телевизискиот пренос, тоа можат да го направат сега.

Фејсбук/ Борче Наумовски

Музиката и аранжманот се на Кирил Стојчески, додека силниот емотивен текст на Валентин Соклевски.

Во стиховите се испреплетени страста и големата среќа во пронаоѓањето на вистинската љубов, онаа која трае вечно.

„Немав надеж дека постоиш, ниту пак верував дека мојата желба ќе се оствари, Господ ќе ми подари…“

Фејсбук/ Борче Наумовски

„Сретнав поглед чист, без тајни маглини, ја стопи душата, како тебе никоја не постои, љубов ќе ми бидеш ти“.

Рефренот исто така ја отсликува оваа силна емоција, во која љубовта е толку силна што ќе продолжи и на оној свет.

Те сакам љубов моја, ти единствена, ти си моја судбина, засекогаш ќе бидам душо крај тебе, ти ме правиш најсреќен. Љубов, љубов моја искрена, ти си моја вистина, засекогаш ќе бидам крај тебе, и тука и на оној свет.

Во продолжение и вториот дел од песната:

„Крај тебе си станав човек подобар, ти си мојот божји дар, живеам за секој ден со тебе, една љубов за цел век“.

„Ти ми даваш вера во љубовта, и живот полн со насмевки, што е љубов ти ме научи, од рајот дел ми наточи“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button