Но треба да направите разлика помеѓу сува кожа и дехидрирана кожа. Сувата кожа е нешто со кое се раѓате, а дехидрираната кожа значи недостаток на вода. Доколку имате сува кожа, Илди препорачува да измешате кокосово масло со сок од лимон и да го нанесете на лицето. Маслото ќе ја хидратира кожата, а лимонот ќе ви го освежи тенот. А, за дехидрирана кожа најдобро е маслото да го користите во комбинација со хидратантна крема на водена база.
Кокосовото масло содржи позитивни антиоксиданси како витамин Е и про-витамин А, кои го забавуваат стареењето, тврди дерматологот Дејвид Бенк. „Оксидацијата е една од главните причини за стареењето на кожата, а кокосовото масло може да помогне да се намали штетата предизвикана од слободните радикали.“ Количините на витамин Е кои ги содржи кокосовото масло делуваат како заштита, а со тоа и како регенератор на кожата, додава Бенк.
Бидејќи содржи и ефективни антиоксиданси и ферулова киселина, но и ја негува PH вредноста на кожата, кажете им збогум на брчките и флеки, и постигнете го сјајот на здрава кожа.