Огласи
Рецепти

Кавадаречки пишии меки како душа од тефтерот на Зорка – трикот е во една состојка

Зорка Јанчева од Тиквешијата денес ни носи рецепт за меки и превкусни кавадаречки пишии. Рецепт кој мора да го испробате.

advertisement
advert

Зорка Јанчева ни носи рецепт за совршени, превкусни, меки како душа пишии подготвени на кавадаречки начин.

фото приватна архива

За тестото потребно е:

700 мл вода (Зорка објаснува дека некое брашно прима повеќе течност, а некое помалку и затоа не може да се каже точно до милилитар, но тестото треба да биде како за леб)

1 кг брашно

реклама

1/2 коцка свеж квасец

100 мл масло

1 лажица сол

Марpкетинг

1 лажиче шеќер

фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива

Начин на подготовка

Тестото се замесува со млака вода.

Зорка го замесува тестото навечер, а наутро повторно го премесува и од него прави топчиња.

Топчињата се редат во сад, а потоа садот се покрива со најлонско ќесе за, како што подучува Зорка, да не се потсушат. Така се оставаат да „одморат“ 30 минути.

Потоа топчињата се развлекуваат со раце. Се пржат едно по едно во 1 литар загреано масло.

фото приватна архива
фото приватна архива

На здравје!

фото приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button