Реклама
Блогерија

Ви ја претставуваме Катрин Баба, ексцентричната господарка на париските улици

Реклама

Кетрин Баба е парижанка со австралиско потекло која е позната по нејзиниот несекојдневен „Дада“ стил, но и како модна стилистка која досега работела за најпознатите и најексклузивните модни магазини.

Таа важи за жива модна енциклопедија, дизајнира накит, а низ Париз постојано се движи со незјиниот интересен велосипед.

Маркетинг

Таа е идол на модните блогерки од целиот свет и претставува непресушна инспирација кога е стилот во прашање. Се шминка како Грета Гарбо и Марлен Дитрих од триесетите години на минатиот век, се носи како самосвесна YSL жена од 70-ите со доза на сексапил на Версаче жената од доцните 80-ти години.

Маркетинг

И покрај тоа што постојано е со велосипед, Катрин никогаш нема да можете да ја забележите без високи потпетици од 12 сантиметри, а на нејзиниот профил на Myspace пишува дека има 77 години, иако според многумина тоа се годините кои што таа би сакала да ги има, односно таа сака да е родена некаде помеѓу двете светски војни.

Баба можете да ја забележите на сите париски модни случувања, каде пристигнува со нејзиниот велосипед, кој како што рековме секогаш го вози со убиствено високи потпетици.

Нејзината прва колекција на накит дизајнирана во соработка со култната француска компанија Gripoix е инспирирана од делата на Оскар Вајлд и Обри Бердсли („Го мирисав воздухот на нео-романтизмот“, вели Баба). Колекцијата вклучува 12 парчиња накит со цени од 1,213–4,830 долари. „Секој предмет претставува целосна облека самиот по себе“, вели таа. „Всушност можете да бидете голи и да ги носите парчињата и тоа ќе биде божествено“, изјави Баба за нејзината колекција.

Кетрин досега има работено како стилист за многу познати брендови, од кои можат да се издвојат Givenchy, Ungaro, Balmain и Chanel, но и за магазини како “Dazed & Confused“, “Vanity Fair“ и “Vogue“.

Па погледнете го несекојдневниот стил на жената која за себе вели дека е „роб на модните додатоци“, а „ремените се нејзиниот кислород“.

Катрин Баба можете да ја следите на нејзиниот Твитер профил:
twitter.com/catherinebaba »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button