Реклама
Култура[тор]

Kate Upton e новата Bond девојка !?

Реклама

Фино заоблената и русокоса секс бомба Kate Upton, дава изјави во кои вели дека има голема желба да влезе во клубот на легендарните 007 девојки.

Маркетинг

Една работа е сигурна: 20 годишната плавуша ги има сите естетски атрибути за да се појави во некое наредно (можеби very наредното) продолжение за тајниот агент 007, но сепак што се однесува до делот за глума, најверојатно ќе и бидат потребни повеќе часови актерско фризирање, за да може да ги изговори неколкуте реплики кои би ги добила во филмот. А таа вели дека со задоволство би се ставила на такви интелектуални маки…

Маркетинг

Дали овие изјави претставуваат еден вид додворување кон продуцентите, за да најактуелниот модел од последните две години на магазинот “Sport Illustrated” се најде во прегратките на James Bond, ќе видиме во периодот кој доаѓа.

Тоа претставува многу престижна титула и би било многу кул ролја за мене“, вели убавата Kate.

Инаку Upton го имаше своето деби на филмското платно оваа година, во комедијата “The Three Stooges” („Трите кукли“ – слоб.прев.), каде што се појави во улога на чесна сестра (опс. ур?!?), во свечен црн костим за капење, кој што во целост ја истакна перфектна фигура. Потоа имаше мала улога (и повторно во комедија) во филмот “Tower Heist” („Грабеж на кулата“ – слоб.прев.), каде што се појави покрај Ben Stiller и Eddie Murphy.

Па….што се однесува до нас, мислиме дека убавата Upton би била многу ’поскладна‘ за улога во филм во продукција на Larry Flynt, или Jenna Jameson, но…што е тука е. Можеби најновиот, иден Bond филм ќе испадне и добра комедија!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button