Реклама
Наши ѕвезди

Кате од „Нели ти реков“ и денес изгледа феноменално, но погледнете како изгледала пред 30 години (фото)

И денес изгледа занесно и освојува со својот изглед, но погледнете како нашата позната пејачка изгледаше на почетокот од својата музичка кариера

Реклама

Беше и остана дама што остава без здив

Познатата македонска пејачка Кате Танева Ѓорѓиев која долго време беше позната и како Кате од „Нели ти реков“ по името на групата со која соработуваше, и денес важи за една од нашите најубави пејачки.

Кате цели три децении соработуваше со „Нели ти реков“, оставајќи неизбришлив белег на македонската фолк-сцена.

Маркетинг

Таа на македонската музичка сцена се појавува во 90-те години и отсекогаш важела за дама која освојува со својот шарм.

Маркетинг
Фејсбук/ Кате Танева Ѓорѓиев

Кате отсекогаш освојувала со својата песна, но и со својот природен и атрактивен изглед, а многумина велат дека и денес е истата.

Впрочем тоа може да се види и од една снимка која што и самата Кате ја сподели неодамна, а која е направена пред точно три децении, односно на фестивалот Цветници во далечната 1994 година.

Фејсбук/ Кате Танева Ѓорѓиев

Станува збор за нејзината легендарна песна „Запри дожду“ со која Кате преку ноќ ја освојува публиката и станува омилена пејачка.

Принтскрин/ Јутјуб

Кате тогаш е со кратка и виткана коса, а токму за овој период од животот Кате во една пригода за Гламур ќе открие:

„Што се однесува на мојот постигнат успех во златните 90-ти години,  можам да кажам дека во тоа време бевме многу ценети и почитувани од страна на публиката. Во тоа време се слушаше многу македонската музика и беше уште поголем поттик за сите нас на естрадата, да твориме и создаваме хитови кои и ден денес се слушани и барани. Публиката не доживуваше како ѕвезди, што за нас тоа многу значеше. Затоа ќе одговорам, кога би можела би сакала да се врати таа енергија кога сите луѓе беа полни со љубов , среќа и почит“, изјави Кате.

Каква убавица беше Кате тогаш, но и како оваа наша позната пејачка изгледа денес, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ Јутјуб

Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button