Наши ѕвезди

Кате од „Нели ти реков“ е една од омилените пејачки, но малкумина ги знаат овие детали од нејзиното минато

И денес многумина ја препознаваат како Кате од „Нели ти реков“, според групата со која настапуваше...

Advertisement

Кате Танева Ѓорѓиев позната и како Кате од „Нели ти реков“ веќе долги години е една од омилените пејачки во Македонија.

Таа во текот на својата кариера има испеано бројни хитови, а песната по која ја препознаваат „Запри дожду“, ја испеа токму со бендот со кој настапуваше со децении и по кој го доби и својот прекар.

Advertisement

И токму затоа големо изненадување беше кога Кате пред неколку години за прв пат откри дека си заминува од „Нели ти реков“.

Принтскрин/ Фејсбук

Но и покрај тоа што пејачката продолжи со својата соло кариера, многумина и денес ја нарекуваат со ова име.

Кате својата кариера ја започнува на почетокот од 90-тите така што со музика се занимава повеќе од цели три децении.

Фејсбук/ Кате Танева

Како мала има настапувано и на „Златно славејче“, а со групата „Нели ти реков“ започнала на свои 18 години.

И како што самата откри во една пригода, таа на почетокот не сакала да пее „народњачки“ песни, а за таква ја сметала и „Запри дожду“.

Принтскрин/ Јутјуб, Цветници

Кате претходно била дел од групата Дејзи, со кои пеела поп-музика, што исто така само малкумина го знаат за неа.

Но она од што исто така се изненадени многумина, а кое што таа самата во една пригода го откри, е тоа дека за малку ќе била дел од една од најпопуларните групи во поранешна Југославија, „Магазин“.
Познатиот хрватски композитор Тони Хуљиќ и понудил да стане дел од бендот во кој пееле Данијела Мартиновиќ, Јелена Розга…

Фејсбук/ Кате Танева

И како што самата откри во една пригода во една емисија, групата „Магазин“ и биле идоли во тоа време, а Лилјана Николовска кога ја напуштала групата и правеле проштални концерти низ Југославија, го посетиле Неготино, каде Кате тогаш се сретнала со нив.

Кате тогаш од бендот добила неколку песни да ги сними, но Кате не успеала тоа да го направи на време.

Принтскрин/ Јутуб, Балкан Музик ТВ

Тие тогаш ја избрале Данијела Мартиновиќ, а Хулиќ во разговор со таткото на Кате кажал дека има неверојатно сличен глас со Лилјана.

„И да бидеме во контакт, затоа што тие имале план кога ќе земат женски вокал, да го вивнат на врвот, и потоа да го пуштат да плови во солистичките води, па да земат друга. Меѓутоа кај мене се случи ‘Нели ти реков’, тоа беше врв на мојата кариерата тогаш, таму се случи војната, во Хрватска, татко ми во меѓувреме почина…“, откри Кате во една пригода во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител со водителката Јелена Богојевиќ

Песна што и денес е хит

Потсетуваме, еден од најголемите хитови на Кате е токму песната „Запри дожду“, но таа во текот на својата кариера има испеано преку 100 песни за кои како што сама вели, немало каде доволно да ги промовира.

„Јас имам снимено многу песни. Точна бројка не знам ама се над 100 песни.  Само што кај нас не се доволно пуштани од страна на радио станиците.  Башка многу малку ТВ музички емисии имаме. Едноставно немаме простор каде да се промовираме.  И морам да кажам дека големо разочарување е за нас, што на многу радио станици наместо да ги слушаме оригиналните песни,  слушаме преработки од  нив,  што лично сметам дека не е во ред“, изјави во една пригода познатата фолк-пејачка во интервју за Гламур магазин.

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button