Кате и Трајче со својата најнова фотографија предизвикаа вниманието на социјалните мрежи.

При крајот на јуни голема радост се случи во семејството на Кате и Трајче од фолк бендот „Соната“.
Еден месец откако го кажаа своето судбоносно ДА Кате се породи и се оствари во улога на мајка. Пејачката се породи со царски рез, а бидејќи беше активна за целото време на бременоста, за многу брзо време повторно се врати во форма и започна со своите настапи.

Инаку, Катерина Брезева и Трајче Бондиков стапија во брак по цели 18 години врска.
Тие сега се родители на малата Ана која деновиве треба да наполни четири месеци.

Новопечените родители деновиве објавија и една преслатка фотографија на која се гледа малата Ана како ужива во својата количка, додека тате се лади со пивце.