Нашата позната манекенка ужива во нејзината нова улога на мајка – погледнете како изгледа додека се шета со бебешката количка!
Тесни фармерки, бели патики и.. бепчо во количка!
Една од нашите најпознати манекенки, Катарина Ивановска, објави неколку интересни фотографии на социјалните мрежи. На фотографиите се гледа како познатата манекенка ужива во прошетката задно со малиот Вања низ шпанскиот град Сарагоса. И додека бебето ужива во количката, неговата мама во тесни фармерки, бели патики и јакна во крем нијанса ги разгледува знаменитостите на овој град.
https://www.instagram.com/p/BhfEgwXFgT5/?taken-by=katarina_ivanovska
Инаку, Катарина откако го роди малиот Вања за многу брзо време повторно се врати во форма но и на своите работни обврски. На нејзиниот изглед речиси воопшто не и се познаваат непреспиените ноќи и трундичкиот стомак, така што набргу почна со снимање на кампањи и едиторијали од кои можеме да видиме дека телото на Катарина изгледа потполно исто како и пред бременоста.
https://www.instagram.com/p/BhfC7TlFeoQ/?taken-by=katarina_ivanovska
https://www.instagram.com/p/BbXa48Jl0rP/?taken-by=katarina_ivanovska
Но кога се сака, сé се може, нели?