Рецепти

Појадок што го правите за само неколку минути навечер и кој ќе ве чека подготвен наутро

Реклама
Реклама

Дали некогаш сте пробале да направите здрава каша од овес која ќе ја оставите преку ноќта да отстои преку вечерта во фрижидерот.

Појадокот многу лесно можеме да го прескокнеме, а некои луѓе едноставно не се гладни наутро, додека други пак немаат време пред работа да размислуваат за храна. Но, тоа не е изговор за прескокнување на овој важен оброк кој ќе ви даде енергија за преку целиот ден, особено ако изберете здрава верзија.

Маркетинг

Каша од овес која се подготвува навечер, а наутро е подготвена за консумирање е еден од наједноставните појадоци кои можете да го направите. Во сад ставите овесни снегулки во количина по желба, шолја млеко (или уште подобро млеко од бадеми), две лажички јогурт, една лажичка семки „chia“ (можете и да ги прескокнете, но покрај тоа што се супер здрави, вашата каша од нив ќе биде покреместа).

Кашата оставете ја преку ноќ во фрижидерот, а наутро исечете свежо овошје по желба и помешајте со смесата, додадете цимет, т.е. мед ако сакате да засладите.

Маркетинг

Мал совет

Ако кашата ја подготвите во тегла, многу лесно можете да ја понесете на работа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button