Еден фустан, две комбинации – погледнете ги овие пролетни изданија на Каролина Гочева
Олку добри издание во режија на познатата пејачка не сме виделе одамна.
Имено, Каролина Гочева не почесто со едно шик дневно издание со кое привлече внимание на социјалните мрежи. Во праша е преубав розов фустан за кој дефинитивно имаме само пофални зборови, а симпатичната пејачка ни покажа како исиот да го носиме со две шик изданија.
Што носеше Каролина?
Тоа дека Каролина има поприлично елегантен и гламурозен стил докажуваат и комбинациите што ги носи како во нејзините off-duty изданија така и кога е на сцена. Но таа од неодамна почна да објавува и модни комбинации направени специјално за социјалните мрежи, а овој пат низ скопските улици се прошета во краток фустан во розова боја и со кратки ракави. Таа овој фустан кој е во една од водечките бои за оваа сезона го носеше во две изданија – прво во комбинација со тренди патики, а потоа ни покажа и одлично гламурозно издание во комбинација со шик високи потпетици.
https://www.instagram.com/p/BjC6ZkUB_U4/?taken-by=karolinagocheva
Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?