Наши ѕвездиСтил

Каролина искрено за бракот со нејзиниот помлад сопруг – никогаш не била поубава, блика од љубов и среќа

Главен виновник е љубовта, но и фустанот во кој пејачката блескаше и зрачеше со чиста емоција

Advertisement

Нашата позната пејачка Каролина Гочева (45) ужива во љубовта со својот сопруг Михаил Корубин, кој е шест години помлад од неа.

Таа често споделува заеднички моменти со него на социјалните мрежи, на кои изгледаат вљубено и среќно како и првиот ден.

Advertisement

Тие се во брак од септември 2017 година, а пејачката неодамна во една позната емисија од соседството откри дека разликите во годините со сопругот никогаш не ги ни почувствувала, но и дека во бракот влегла сигурна и потполно спремна.

Инстаграм/ Каролина Гочева, wilmaflintstone

И како што самата објасни тогаш во емисијата „Спика и прилика“, таа во брак со уметникот не влегла затоа што чувствувала некаков притисок од општеството, туку според своја природна и лична одлука.

„Едноставно, никогаш не сакав да се омажам само затоа што ‘дошло време’ или затоа што некој очекува од мене. Ништо не треба. Треба само да бидеш среќен“, изјави тогаш Гочева.

Инстаграм/ Каролина Гочева, wilmaflintstone

Таа тогаш додаде и дека секогаш имала долги врски, но и дека дури по триесеттата година почнала да размислува за брак.

Инстаграм/ Каролина Гочева, wilmaflintstone

„Секогаш бев во долги врски, но си ветив себеси дека нема да се омажам само заради редот, само за луѓето да престанат да прашуваат“, откри тогаш Каролина.

А тоа колку Каролина е среќна во бракот и како љубовта влијае на неа, може да се види и од нејзините објави на социјалните мрежи.

Под многу од нив пејачката добива бројни комплименти, а сите се согласни дека изгледа подобро од кога било досега.

Инстаграм/ Каролина Гочева, wilmaflintstone

Тоа може да се забележи и од едно од нејзините последни изданија, кога во фустан од македонската дизајнерка Јована Филиповиќ заблеска, па со фотографиите никого не остави рамнодушен.

Под овие фотографии се уште добива бројни комплименти и коментари, а како изгледаше, погледнете од фотографиите.

Инстаграм/ Каролина Гочева, wilmaflintstone

Станува збор за преубава тоалета во неодолива бургунди нијанса во која Каролина блескаше на сцената во МОБ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button