CelebrityНаши ѕвезди

Каролина и Михаил повторно „заминаа преку океан“ – Си имаат пари, па си шетаат низ Јапонија како од филм!

Advertisement

Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева и нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин, продолжуваат да го живеат својот јапонски сон. По неколкудневниот престој во динамичното Токио, двојката отпатува во Кјото – град кој ги освои со тишината, традицијата и уникатниот источен шарм.

Каролина сподели дел од атмосферата со своите следбеници на Инстаграм, а една фотографија особено привлече внимание: пејачката, видно расположена, го прегрнува Михаил, а нежната насмевка што ѝ блеска на лицето открива колку ужива во ова далечно патување.

Advertisement

Двојката со часови шетала низ тесните улички на Кјото, каде што модерниот свет се губи меѓу старите дрвени куќи, бамбусови градини и храмови обоени во црвено. Каролина и Михаил имале можност да ја почувствуваат традиционалната јапонска култура одблизу – од минувачи облечени во кимона до мирниот ритам на градот, кој е целосна спротивност на метежот од Токио.

Михаил, пак, објави видео од нивната авантура во главниот град, снимено во модерниот музеј Lab Planets, каде што визуелните инсталации и светлосните ефекти создаваат футуристичко искуство што совршено го надополнува нивниот јапонски мозаик.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button