Огласи
Наши ѕвезди

Каролина, Елена и Андријана во шок по несреќата – Сара Пројковска им беше како сестра на сите (фото)

Познатите во солзи заради страшната трагедија во Кочани

advertisement
advert

Една сестринска, пошто сконтавме дека не сме се сликале никогаш, пишува под нивната заедничка фотографија.

Бројни колеги и пријатели се збогуваат од трагично настраданите во страшниот пожар што се случи во дискотеката во Кочани.

Меѓу жртвите е и Сара Пројковска, професорка по пијано и придружен вокал во бендот ДНК која исто така го изгуби животот во пожарот.

реклама

Инстаграм

Од неа со голема болка се збогуваше пејачката Каролина Гочева која со Сара беше мошне блиска и ја чувствуваше како сестра.

Марpкетинг
Инстаграм

„Многу ќе ми фалиш Сарке моја“

„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…многу ќе ми фалиш Сарке моја“, напиша Каролина и сподели повеќе заеднички фотографии со Сара.

Инстаграм

На профилот на Инстаграм на Сара има и една заедничка фотографија на која е со Елена Ристеска, а под која пишува:

„Една сестринска, пошто сконтавме дека не сме се сликале никогаш, пишува под нивната заедничка фотографија“.

Инстаграм

Оваа фотографија сега ја сподели и Елена, скршена од болка, па ги напиша и следните тажни зборови:

„НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја, толку многу поминавме заедно со тебе и Ана, толку убави спомени, толку концерти, толку бендови сменивме ние три, ти беше таа која не ми дозволи да се откажам од музиката кога се разочарував! Ти- добрица, ферчина, другарчина, позитивна, пожртвувана и како човек, и како колега и како мајка на златни две деца. :((( Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото. Ама Саре вака не се договоривме! Се договоривме дека ќе пееме и понатаму! Се договоривме да се видиме! Вака не!!! Не сакам да верувам, не сакам!!! Не прифаќам! Сестро моја, ти беше упорна и борбена да смениме 100 бендови, ама да не се откажеме! На крајот ти се откажа! :((( Ама зошто вака?!?! Зошто?? Не можам да престанам да те плачам, нема никогаш да те преболам! Нема! Најдобрата личност во живот што сум ја сретнала, чесна, добра, секогаш фер и коректна, секогаш поддршка, секогаш грб мој! Емотивна, убава и во душата и во лицето. Солзиве не застануваат, никогаш нема да застанат. Не не и не!!!.“

Инстаграм

Елена претходно се збогуваше и од Андреј, но и со сите останати музичари со кои исто така беше блиска.

epp

Инстаграм

„Не можам да престанам да плачам“

„Не можам да престанам да плачам, Андреј ни со тебе така не се договоривме, планиравме нова песна со ДНК..:(((“

„Турнеи две имавме заедно, концерти, дружби… не можам да прифатам и не можам!!! Филипе, како бре да прифатам дека те нема, може свиревме неколку пати ама многу се почитувавме, златен човек беше… без зборови сум… исто и Александар :(((“

„Жути веста за тебе ме докрајчи, ме срози, колку концерти беше мој тонец за 22години, секогаш звук перфектен, кога ќе те видев зад миксета раат бев, знаев дека ќе биде добар концерт, секогаш му викав на Здравко- Жути пушти ми го да озвучува!“

„Александар Ефремов ми ги сликаше последните концерти во Кочани. :((( Немам зборови, само солзи…“

epp2

„Мартин Буцо, Ѓорги, Сара, сите златни деца, млади и полни со живот… боли и кине душа ова се’… не знам дали некогаш ќе се опоравиме од оваа болка по вас!!! Цела Македонија плаче и тагува!🙏🏽 Примете сочувство сите што загубивте блиски!“

Инстаграм

„Незамислива загуба, кошмар од кој сакам да се разбудам!“

Од своите колеги се збогуваше и пејачката Андријана Јаневска, која вчера со нив требаше да настапат на хуманитарен концерт.

„Ах! 😭Денес требаше да настапиме на хуманитарен концерт… Така како што живеевте, така и заминавте! Незамислива загуба, кошмар од кој сакам да се разбудам! Патувајте мирно, другари! Андреј, Фичо, Жути, Александар, Ѓорѓи, Сара.“

Инстаграм

„Најдлабоко сочувство до семејствата на сите жртви во оваа трагедија од невидени размери во која згаснаа животите на над 50 младинци!“, напиша Андријана Јаневска на социјалните мрежи.
.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button