Погледнете го ова шик пролетно издание на Карли Клос
Познатата манекенка деновиве е во центарот на вниманието не само поради своите прекрасни модни изданија туку и затоа што за девојките на возраст од 13 и 18 години го отвори бесплатното летно училиште „Kode with Klossy“ во кое се учат основите за компјутерско програмирање.
Таа овој проект го започна во 2015 година и толку беше успешен што сега оваа година се шири на 50 кампови во 25 градови ширум Америка.
Оваа школа и самата Карли ја има завршено, а деновиве гостуваше во шоуто „The Today Show“ во Њујорк каде зборуваше на оваа тема на која може да биде горда, особено затоа што до оваа генијална идеја дошла на само 22 години.
https://www.instagram.com/p/BgYsDzMnNOh/?taken-by=karliekloss
Инаку, Карли за оваа пригода избра преубав асиметричен фустан, елегантен капут со црн крој и златни шпиц високи потпетици во кои изгледаше неодоливо.