Карлеуша со повик до фановите во Македонија да ја БОЈКОТИРААТ Таировиќ заради Тоше Проески?!
Пејачката ја обвини својата колешкa дека го злоупотребила ликот и делото на Тоше Проески
Карлеуша и објави војна на Таировиќ?
Познатата пејачка Јелена Карлеуша распали по нејзината колешка Теа Таировиќ, а нејзината реакција ги шокираше сите.
Имено, по посетата на Теа на спомен куќата на Тоше Проески во Крушево од каде пејачката сподели фотографии, а на една од нив се гледа како ја совладуваат емоциите, па со рацете ги брише солзите, нејзината колешка Јелена Карлеуша се огласи и распали со сиот арсенал по неа.
Имено, Карлеуша ја обвини Теа дека тоа го направила заради евтин маркетинг и дека го злоупотребила ликот и делото на Тоше Проески на еден потполно нечовечки и нечесен начин, истакнувајќи дека дното доби подрум и повикувајќи ги Македонците на бојкот.
Инстаграм
„Сигурна сум дека Македонците ќе ги препознаат таквите лигуши и ќе ја наградат со апсолутен бојкот“, објави Карлеуша.
Целата објава на ЈК, погледнете ја во продолжение…
Инстаграм
Потсетуваме, Теа Таировиќ по одржаната прес-конференција на која го најави својот концерт во Скопје, замина во Крушево.
Инстаграм
Таа ја посети спомен куќата на Тоше Проески, па од таму сподели фотографии, а на една од нив се гледа како си ги брише солзите.
Инстаграм
Повеќе за ова прочитајте тука…
По овој коментар Карлеуша објави уште еден во врска со оваа драма, а во кој ги напиша следните зборови:
Инстаграм
„Понижување на прекрасниот македонски народ, грабнување на пари од тој сиромашен, а добар народ, може да биде само дело на оние кои за пари, во стил на познатиот им најстар занает, ги продаваат и честа и телото. Српскиот народ и српската држава секогаш на Македонците гледала како на браќа. Затоа (не)делата на поединците кои се откажуваат и срамат дури и од своето ромско потекло, не можат да бидат она што го одликува нашиот голем . Ние таквите ги презираме. Нека живее Македонија“, напиша Јелена Карлеуша на Инстаграм.
.