Карлеуша распали за потегот на Цеца во Велес – не е глупост, туку е дно!
Пејачката Јелена Карлеуша се огласи по повод постапката на колешката Светлана Цеца Ражнатовиќ на концертот во Велес, кога го развила бугарското знаме.

На настапот во Велес, Цеца во еден момент го нагрна преку рамената знамето на Бугарија, што предизвика негодување и свирежи од публиката.
Овој потег предизвика лавина коментари не само во Македонија туку и во регионот, а многумина го оценија како несмасен и израз на непочитување кон земјата-домаќин.
И Карлеуша реагираше остро, нарекувајќи го постапокт на Цеца „дно“.
„Идејата среде Македонија да се нагрнеш со знамето на земја која го оспорува името и постоењето на државата Македонија, па уште и да го бакнеш (а потоа да го фрлиш на под?!), тоа се вика дно. Не глупост или незнаење. Дно“, порача Карлеуша на социјалната мрежа Икс.
По инцидентот кој многумина го окарактеризираа како скандал, се огласи и самата Цеца:

„Не е непознато секогаш да го прифаќам секое знаме од мојата публика, зашто тоа е моја публика, мојот народ, од моите луѓе. Нас не поврзува љубовта кон песната, без разлика на тоа од каде доаѓа. Жал ми е ако тој чин некого повреди, тоа навистина не ми беше намера, а особено не да повредам или да ги навредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете. Ви благодарам на прекрасната вечер, на преубавата енергија, љубав и спомени кои заедно ги создадовме“ – изјави Цеца, која во Велес одржа цел концерт во траење од два часа, и истиот во ниту еден момент не беше прекинат.
Во одговор на реакциите на социјалните мрежи, Цеца додава:
„Реакциите се случија во салата, меѓу мојата публика и мене. Ние знаеме како си поминавме, што беше убаво, а што помалку убаво на концертот кој траеше два часа. Тоа е она што е најважно. Нема да се занимаваме со реакции на социјалните мрежи, бидејќи сите ние кои бевме таа вечер заедно во Велес знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане меѓу мојата публика и мене“, рече пејачката, додавајќи дека во текот на ноќта се нагрнала и со знамето на Македонија.
Потсетуваме, од снимките што се појавија на социјалните мрежи, може да се види како некој и го дава бугарското знаеме на пејачката, која потоа ќе го рашири пред публиката и ќе го бакне, со што беше исвиркана од страна на публиката, но и предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Овој нејзин гаф во Македонија денес е главна тема, а концертот заврши како вистинско фијаско за пејачката.



