Карлеуша предизвика хаос во клуб – На бината изведе непознат маж, па му удри шлаканица (Видео)

Јелена Карлеуша повторно го привлече вниманието со нов енергичен настап. За време на концертот во преполниот клуб во Франкфурт, пејачката изведе мускулест, непознат маж на бината – момент кој веднаш ја раздвижи публиката.
Според видеото што кружи на социјалните мрежи, мажот стоел неподвижно покрај Карлеуша, додека таа се вртела околу него, играла и го дразнела во свој препознатлив, смел стил. Атмосферата кулминирала кога, во рамки на перформансот, му удрила шлаканица – потег што предизвика гласно врескање и бурни реакции од присутните.
Карлеуша подолг период ја имаше прекинато традицијата да поканува мажи на сцена за време на песната „Иде маца око тебе“, но неодамна најави дека повторно се враќа на овој препознатлив момент од нејзините настапи.




