Реклама
Холивуд

Томи Хилфигер предложи Ким Кардашијан да добие награда која само за неа ќе биде измислена

Реклама

Ким Kардашијан наскоро ќе биде наградена за огромното влијание што го има на социјалните мрежи, а оваа награда специјално за неа и ќе биде измислена.

Имено здружението на американските дизајнери познато и по кратенката CFDA (Council of Fashion Designers of America) кое секое година доделува награди за највлијателните личности во светот на модата на 9 мај објавија дека оваа година воведуваат категоријата инфлуенсерка на годината, и тоа токму поради Ким Кардашијан која и ќе ја добие оваа награда.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BihAm8iFx-T/?taken-by=kimkardashian

 

Маркетинг

„Ким има огромно влијание на трендовите бидејќи потполно го промени начинот на кој брендовите се претставуваат. Време е за тоа да и дадеме и официјално признание и сите сме согласни дека таа е најдобар избор за оваа награда“, изјави дизајнерот Томи Хилфигер кој во здружението на американските дизајнери и го предложи овој потег.

https://www.instagram.com/p/BijsuE8lCUg/?utm_source=ig_embed

Оваа вест ја израдува познатата старлета која веднаш ја сподели со своите обожаватели на нејзиниот профил на социјалните мрежи.

„Многу сум возбудена што ќе бидат првата добитничка на наградата Инфлуенсерка на годината“, напиша таа под фотографијата на која позира во златен фустан од Версаче што го носеше на Мет гала.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button