Реклама
Кафе муабет

Карањето во врските е важно за да преживее нивната љубов

Реклама

Романтичните комедии ќе ви кажат дека вистинската љубов е онаа каде што постои само страст, добро расположение и еден куп бакнежи, без кавги и реални пречки со кои се среќава секој пар.

 1 ljubov

Романтичните комедии ќе ви кажат дека вистинската љубов е онаа каде што постои само страст, добро расположение и еден куп бакнежи, без кавги и реални пречки со кои се среќава секој пар. Од друга страна пак, психолозите ќе ви кажат дека љубовта е состојба која поминува и дека има свој рок на траење. Тука се и песните кои ќе се обидат да ве убедат дека вистинската љубов секогаш е тажна и трагична, но и пријателите кои ќе ви даваат надеж дека љубовта може да се развие и на некои места каде што очигледно нема шанси, затоа што им е непријатно да ви ја кажат вистината в лице. Денес сѐ повеќе бракови се распаѓаат, а најтажниот дел од приказната е тоа што до развод често доаѓа и кај паровите кои вистински и искрено се сакаат, но едноставно не можат да бидат едни со други.

Маркетинг

Но, јас сум бескрајно благодарна што имав можност да израснам покрај еден функционален пар, кој премногу се сака и исто толку се кара. Токму тие кавги, кои кога бев мала ме нервираа, ме научиле на вистинското значење на љубовта. Затоа што сите се сакаме додека сѐ е совршено, а кога ќе се појави некој проблем, ја менуваме приказната. Се прашувате каква љубов е ако и двајцата се карате? Вистинска! И тоа е супер! Токму поради гордоста се растуриле некои од најдобрите врски, пријателства и бракови, а што добиле за возврат?

Понекогаш чувство на лична сатисфакција, затоа што таа гордост им останала недопрена, а понекогаш дури ни тоа. Во љубовта нема гордост. Никогаш не дозволувајте таква глупост да ви уништи нешто што може да биде катастрофално и да трае цел живот.

Маркетинг

Ненормално е секогаш да биде идеално, како на филмовите, иако повеќето парови очекуваат таква „вистинска љубов“. Карањето е супер. Кога имате некој проблем, најлошо што можете да направите е да погледнете на другата страна и да се надевате дека ќе исчезне. Многу парови пропаѓаат затоа што не зборуваат за своите проблеми, а никогаш не собираат храброст да дискутираат, затоа што не сакаат да предизвикуваат кавга. Тие парови навидум се одлични, но не остануваат долго време среќни

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button