Новата сезона полека но сигурно ја шири својата есенска постела, и покрај преубавите жолти лисја, ни ги носи и ниските температури.
Од тие причини сите посегаме по облеката која веќе подолг период беше во заден план во нашите плакари, како што се на пример дебелите блузи и џемпери, плетените фустани со долги ракави и секако, топлите зимски капути. Но покрај нашите омилени парчиња во плакарите, сега е вистинскиот момент и да се подновиме со нешто, а за денес ви ги предлагаме најдобрите капути од познатите комерцијални брендови во Македонија. Овие шик парчиња покрај тоа што ќе ви држат топло, со нив ќе можете и да го „подигнете“ вашиот стил, особено кога живата во термометарот ќе се спушти блиску до нулата, па и под неа. Еднобојни, темни или во впечатливи силни бои, кратки или долги, едноставни или со модерен крој, погледнете како изгледаат најдобрите модели во нивните продавници.
види повеќе » |