Камин сред соба, голема елка и мнооогу љубов – ќе се изненадите како изгледа домот на Јанкуловска
Ова е омиленото катче на целото семејство
Малиот си ги заврши обврските, па реши да се одмори…
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на својот Инстаграм често споделува слики и од приватниот живот.
Гордана сега сподели неколку фотографии на кои во главна улога е нејзиниот син, а се направени во нејзиниот семеен дом.
Фотографиите се како излезени од некое списание или новогодишна разгледница, а посебно воодушевува и тоа како Гордана го уредила својот дом како во бајките.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Од овие објави на Гордана може да се види и новогодишната атмосфера во нејзиниот дом, а сите го забележаа и преубавиот камин што го има во дневниот престој.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Секако дека во китењето на елката и помогна нејзиниот син Петар кој со насмевка ги редеше лампионите качен на столче.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Покрај големата елка од објавите на поранешната министерка се гледа дека во домот имаат и камин, но и фотелја за лулање, па ова место очигледно им е омилено во домот.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Целиот простор е идилично уреден и со многу љубов, а како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Потсетуваме, со Гордана Јанкуловска во една пригода поразговаравме за мајчинството, кога ни откри како го минува своето слободно време. И како што самата изјави тогаш за Гламур, најмногу ужива во бескрајните игри со својот наследник, кој откако се роди не само што е центарот на нејзиниот свет, туку и нејзиното најдобро пријателче.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
„Слободното време го минуваме во бескрајни игри. Игри во кои до израз доаѓа детската креативност и фантазија, игри со секаков вид на играчки но најмногу со колички“ изјави Гордана тогаш, па додаде:
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
„Најчесто тоа не се стандардни игри туку се производ на неговата имагинација, но играме и друштвени игри, многу сака да му раскажуваме и да му читаме приказни“, ни откри Гордана во нејзиното интервју за Гламур.
Целото интервју со неа прочитајте го тука...