Диети

Камилицата како лек за се!

Реклама
Реклама

Ретко ќе најдете домаќинство во кое не се чува кутија со исушени цветови на оваа нежна и убава билка која во изобилие расте на нашите простори. Сепак, ретко кој знае колку е камилицата здрава и каква се примена може да најде во нашето секојдневие…

alt 

Камилицата на нашите простори е синоним за чај. Доколку погледнете кои сé лековити својства ги има, не е чудо што е така. Станува збор за едногодишна, мала тревна билка. Расте до висина од 10 до 30 cm, ретко до половина метар. Препознатлива е по своите ситни бело-жолти цветови и специфично нежен и пријатен мирис. Расте по полињата, покрај патиштата, секако можете да ја најдете речиси на секоја ливада.

Маркетинг

alt 

Оваа лековита билка го подобрува варењето на храната, ублажува болки, намалува телесната температура, смирува желудникот, намалува осип, смирува изгореници, конјунктивитис, дерматитис, ја ублажува депресијата, мигрените и тешкотиите на климаксот, лечи акни, намалува раздразливост и дава чувство на внатрешна рамнотежа.

Маркетинг

Особено, доста важно е неговото смирувачко дејство. Редовно пијте чај и почувствувајте промена. Вообичаената процедура за подготовка на чај од камилица ни е, верувам, позната на сите: Во зовриена вода се ставаат сувите цветови, или кесички со камилица, кои треба да отстојат 15 минути во затворен сад. Доколку сакате поконцентриран чај, процедете после еден час.

alt

Ако имате проблеми со кожата или едноставно посакувате убава и негувана кожа, доволно е еднаш неделно да се миете со чај од камилица.

Кај проблемите со опаѓање на косата, камилицата повторно е магично решение! Припремете чај од 1 литар вода и 4 лажички билка, па откако чајот ќе биде спремен почекајте да достигне температура пријатна за миење на вашата коса, и измијте ја со течноста без никакви додатоци.

Девојки, доколку не сте знаеле, камилицата се користи и за помош при менструални тегоби. Болките можете да ги ублажите со облози од оваа благородна билка. Облозите се приготвуваат така што една поголема лажица камилица се прелива со 250 ml врело млеко, после 10 минути прецедуваме и од смесата, ставаме облоги на стомакот. Тегобите бргу ќе исчезнат.

alt 

Маслениот екстракт од камилица се употребува во козметиката како најважна состојка за подготовка на високо квалитетни препарати за нега на кожата.

Извор: telegraf.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button