Реклама
Холивуд

Приказната за Камерон Дијаз сепак НЕ била вистинита

Реклама

Приказната дека Камерон Дијаз оди во пензија преку ноќ го заобиколи светот, а сега доби и свое ново продолжение.

Имено, нејзината колешка и блиска пријателка Селма Блер од која и започнаа да се шират гласините за пензионирањето на Камерон, за тоа зборуваше во едно интервју за Метро. Но откако информацијата се рашири и го заобиколи светот Селма се демантираше самата себеси преку Твитер и на јавноста порача дека сепак само се шегувала.

Маркетинг

„Ексклузивна вест: Луѓе, ви се молам! Малку се пошегував во едно интервју – Камерон Дијаз никогаш нема да замине во пензија. И уште малку ексклузивни вести – јас сега се пензионирам од местото портпарол на Камерон Дијаз.“ вели Селма во своето обраќање преку социјалните мрежи.

Маркетинг

Инаку, последниот филм што го снимаше Камерон беше „Annie“ од 2014 година. Таа потоа ги одби сите понуди и во моментов ужива во бракот со Бенџи Маден со кого се омажи во 2015 година. На познатата русокоса во моментов и одговара да биде во тишина и да не е во центарот на вниманието, а искрено се надева дека наскоро ќе стане и мајка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button