Познатата актерка во последно време многу често ја гледаме на црвениот килим, а неодамна во медиумите се појави вест и дека се повлекува од Холивуд.
Камерон Дијаз на забавата на нејзината пријателка Гвинет Палтроу блескаше како и порано на црвениот килим во елегантен стајлинг во црвена боја. Таа во последните неколку години, односно откако го снимаше својот последен филм, најчесто се појавува во лежерни изданија, а времето го поминува дома со семејството и пријателите.
Познатата актерка е во среќна врска со музичарот Бенџи Маден, а тоа дека се уште е во топ форма и дека изгледа фантастично кога ќе се дотера го покажа и на забавата на Гвинет Палтроу за која се погласно се шушка дека најверојатно била и нејзината венчавка.
Дијаз на забавата се појави во фустан од дизајнерката Џени Пекам во впечатлива црвена боја во кој изгледаше сензационално. Кројот и стоеше совршено, особено во горниот дел, со благо нагласеното деколте, додека во пределот на половината е тесен и кон дното се шири, паѓа лежерно и ја следи линијата на нејзиното тело.
Па, што велите за ова нејзино издание?