Познатата актерка очајнички се обидува да го сокрие трудничкиот стомак во широка облека? (фото)
Камерон Дијаз без шминка се прошета низ Беверли Хилс.
Тоа беше доволно странските таблоиди повторно да почнат да зборуваат за наводната бременост на 45 годишната актерка , особено откако веќе неколку дена по ред се појавува во широка облека. Таа на почетокот на 2015 се омажи за седум години помладиот музичар Бени Мадена и оттогаш постојано се шират гласини за нејзината наводна бременост. Но овие маубети деновиве земаа замав, особено откако се појави во нејзиниот необичен, широк фустан кој го носеше во комбинација со голема, бургунди чанта.
Во таа насока е и нејзината последна комбинација со која заврши на насловните страни на бројни портали, а што ја носеше при излегувањето од хотелот „The Montage“ во Беверли Хилс. Камерон тогаш носеше широки фармерки, џемпер и црни кожени чизми до глужд со сребрени потпетици. Нејзината коса беше пуштена, а на лицето имаше многу малце шминка, па обожавателите, токму поради опуштениот изглед и поради широката облека, на социјалните мрежи повторно започнаа да се сомневаат дека е бремена.
Што мислите вие?