Нега и здравје

Камерата за бебе го снимила хоророт: Учителка (39) доживеала мозочен удар во сон, а ова се предзнаците

Здрава, активна и млада – а сепак само една мала вродена аномалија во срцето ѝ го сменила животот засекогаш.

Advertisement

Странските медиуми пишуваат за учителката Криста Фигари од САД, која на само 39 години доживеала мозочен удар во сон. Тоа утро во април го започнала како и секое друго – станала од кревет и почнала да го мести чаршафот. Но, следниот момент ѝ го променил животот од корен.

Кога се свртела, одеднаш ѝ откажало целото лево тело – раката, ногата, страната на лицето. Паднала покрај комодата, несвесна дека доживува мозочен удар. Камерата за бебе, поставена во собата, го снимила целиот момент.

Advertisement

Иако здрава, активна, непушач и без историја на болести, Криста не знаела дека носи вродена „дупка“ во срцето – состојба која, ако не се открие навреме, може да биде фатална. Токму тој дефект овозможил мал тромб да стигне до мозокот и да предизвика шлог.

Спасена во „златниот час“

И покрај шокот, Криста успеала да стигне до телефонот и да ја повика роднината и управникот на зградата. Тој им дозволил на брзата помош и лекарите да влезат преку пожарните скали. Благодарение на брзата реакција и професионалниот тим во Њујорк, ѝ била дадена соодветна терапија (тромболиза) уште во првиот „златен час“ – периодот во кој се спасува мозочното ткиво.

Advertisement

Веќе 15 минути подоцна, почнала да чувствува враќање на движењата во левата рака и нога.

Во јули 2024 година, ѝ била извршена минимално инвазивна интервенција со која таа вродена „дупка“ во срцето била затворена со мал имплант.

Животот по ударот

Иако закрепнува, сè уште чувствува слабост во левата рака. Но, таа не се откажува: практикува пилатес, вежба, пишува и активно го дели своето искуство со јавноста.

„Ако почувствувате дека нешто не е во ред, послушајте го својот инстинкт. Повикајте некого. Одете на лекар. Не чекајте. Бидејќи последиците можат да бидат трајни“, порачува Криста.

Нејзината приказна е важен потсетник дека мозочниот удар не е „резервиран“ само за повозрасни луѓе. Брзата реакција може да значи разлика меѓу живот и смрт, меѓу целосно закрепнување и трајни последици.

Знаци на мозочен удар:

Слабост или вкочанетост на лицето, раката или ногата – особено од една страна на телото

Замаглен или двоен вид

Збунетост, потешкотии при говор или разбирање

Ненадејна силна главоболка

Губење рамнотежа, вртоглавица.

Ако имате кој било од овие предзнаци, навреме обратете се на лекар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button