CelebrityНаши ѕвезди

Калиопи уште си е најдобра другарка со Ромео и Васил – „Ме сакаа како снаа и во двете семејства!“

Advertisement

Македонската музичка дива Калиопи повторно покажа зошто важи за една од најискрените личности на домашната сцена. Во своето гостување во емисијата „Нешто конкретно“, пејачката зборуваше отворено за теми што ретко ги допира во јавност – од поранешните сопрузи, до професионалните избори и личните вредности што ја водат низ животот.

Калиопи без двоумење откри дека и со Васил Зафирчев и со Ромео Грил и денес одржува коректни, блиски и човечки односи. Рече дека од семејствата на двајцата секогаш била прифатена со цело срце, а за Ромео истакна дека му верува „слепо“.

Advertisement

„Со двајцата зборувам за сè – освен за нови љубови. Тоа е женска тема“, изјави таа со доза хумор, додавајќи дека можеби некој би помислил дека ѝ треба психијатар, „ама таму каде што се искршиле сите копја – таму е најчист теренот“.

Говорејќи за кариерата, Калиопи откри дека низ годините добивала разни понуди, но едно нешто никогаш не го одбила – да ја испее македонската химна. Тоа, според неа, е чест што не се одмерува.

Посебно внимание посвети и на пријателствата. Според пејачката, вистински пријател е оној што ти ја кажува вистината без да те штеди, дури и по цена да те изгуби. Како дел од својот најтесен круг ја издвојува Олгица Христовска, но за свои луѓе ги смета и двајцата поранешни сопрузи, со кои и понатаму има однос исполнет со меѓусебна почит.

Калиопи се осврна и на дуетот со Наум Петрески и песната „Рум дум дум“, за која денес смета дека едноставно „не била пратена во вистинско време“. Не таи лутина и додава дека со трпение го чекала својот момент за Евровизија – и го дочекала.

На крајот од интервјуто, таа проговори за Кочани, за колегите кои ги нема веќе и за вистинската потреба македонската музичка сцена конечно да се обедини.
„Доста беа поделби. Време е музиката да стане едно“, порача Калиопи, повикувајќи на сплотеност како во нејзината песна „На пат до Македонија“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button