Калиопи сподели преубава вест за нејзината сестра – им пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Еве како Калиопи и го честиташе роденденот на својата сестра со која е мошне блиска

Во семејството на Калиопи вчера се славеше, а повод беше роденденот на нејзината сестра и нејзиното заминување во пензија.
Малкумина знаат дека Калиопи има постара сестра и брат, но и дека нејзината сестра Корнелија Буклеска беше уредничка на Редакцијата за култура и уметност во МР Радио Скопје.
Таа вчера наполни 64 години, така што ва воедно беше и прослава за нејзиното заминување во заслужена пензија.

Инстаграм/ Калиопи
Калиопи по тој повод сподели неколку нејзини фотографии, но и емотивна порака со која и го честиташе роденденот.
„Мојата преубава сестра, мојата гордост, вчера на 18.11.2025 , го прослави својот роденден и заминувањето во пензија….Овој глас не милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога бев мала, сакав да бидам како тебе, Корнелија…Ти честитам мила моја! Сега е време за твојата друга љубов- пишувањето! Те сакам Нели моја… Твоја Опи“, напиша познатата пејачка на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Калиопи
Потсетуваме, Kалиопи никогаш не криела колку е пovрзана со својата сестра и мајка, како и со нејзиниoт брат Томче.

Инстаграм/ Калиопи
Таа од нејзината сестра има и внука, а од братот двајца внуци, со кои пејачката исто така има одличен однос.
Потсетуваме, Калиопи неодамна го одржа првиот од закажаните три концерти во Македонската филхармонија кој помин одлично. Таа во магичниот амбиент на присутните им приреди вечер исполнета со многу љубов и емоции, а и самата пејачка беше воодушевена од настанот.

Инстаграм/ Калиопи
Интересно беше и тоа што и сцената беше уредена како да станува збор за нејзиниот топол дом, а имаше и „камин“.

Инстаграм/ Калиопи
Поради големиот интерес пејачката е одржи уште два концерти во декември, па повеќе за концертот прочитајте тука.



