Наши ѕвезди

Калиопи ја промовираше новата песна – публиката веќе ја прогласи за хит

Песната, исполнета со емоции и со препознатливиот вокал на Калиопи, носи топлина и нежност, а веќе на прво слушање ги освојува срцата на публиката.

Advertisement

Македонската музичка дива Калиопи денес во Белград ја промовираше својата најнова песна со наслов „Добро вече и лаку ноќ“, која публиката и нејзините обожаватели веќе ја прогласија за нов музички хит.

Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е Ромео Грил, нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен соработник со кого Калиопи повторно ја докажа својата препознатлива уметничка хемија.

Advertisement

Песната, исполнета со емоции и со препознатливиот вокал на Калиопи, носи топлина и нежност, а веќе на прво слушање ги освојува срцата на публиката.

Видеото за песната, кое го потпишува Александар Ристовски – Принц, визуелно ја надополнува приказната со елегантен и интимен израз, а достапно е на официјалниот Јутјуб канал на Калиопи.

Новата песна „Добро вече и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи, а промоцијата доаѓа токму во пресрет на трите големи скопски концерти на Калиопи во Македонската филхармонија, кои ќе се случуваат на 14 ноември, 6 и 7 декември.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button