Наши ѕвезди

Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг со преубава вест – пристигнуваат честитки, сите ги изненади (видео)

Пејачката ги воодушеви своите верни фанови со преубавата вест за самиот крај на 2024. година

Advertisement

Пејачката ги воодушеви сите на самиот крај од годината

Калиопи оваа година ќе ја памти по многу убави работи, а една од нив е секако и преполната сала Борис Трајковски за нејзиниот концерт.

Advertisement

Пејачката на почетокот од годината го издаде својот нов албум наречен „АЛБУМ“, кој го реализираше заедно со својот поранешен сопруг и долгогодишен соработник, Ромео Грил.

Инстаграм/ Калиопи Букле

Неколку месеци подоцна ги промовираа и четирите нови спотови со кои одбележаа 40 години соработка.

Advertisement

Инстаграм/ Калиопи Букле

Концерт на годината

Потоа следуваше нејзината турнеја низ Македонија која започна со концертите во Охрид и Битола, а заврши во салата „Борис Трајковски“ која беше полна до последно место, но исполнета и со многу емоции.

Овој настан дефинитивно може да биде прогласен и за концерт на годината, а како сето тоа изгледаше, потсетете се тука.

Принтскрин/ Јутуб

Понесена од сите овие убави работи што и се случуваа во изминатиот период, Калиопи за крајот на годината подготви уште едно вистинско изненадување за нејзината публика. Имено, таа го реализираше и седмиот спот за песна од новиот албум која се вика „Дај, дај ми, дај“, а која повторно ја работеше заедно со Ромео.

Инстаграм/ Калиопи Букле

Имено, текстот е на Калиопи, на Ромео – музиката и аранжманот, додека видеото е со потпис на продукцијата „Мелем“.

Па, погледнете го новиот спот на нашата музичка дива Калиопи со кој на сите им ги честита новогодишните и божиќните празници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button