Калиопи брутално искрена за односот на синот Пако со порнешниот сопруг – сите ги изненади со ова
Македонската поп-дива главна тема и во соседството

Калиопи Букле неодамна имаше промоција за својата нова песна.
По тој повод, Калиопи за медиумите откри и како одлучила да ја продолжи соработката со својот поранешен сопруг.
„Бидејќи престанав да го гледам како поранешен партнер, го гледам како мој продуцент, го гледам како пријател кој во мене гледа точно она што ми треба… Го гледам како некој што нема да ме предаде како човечко суштество, без оглед на фактот дека претходно имавме поинаква приказна, како татко на моето дете, кој е исклучително добар татко, понекогаш сум малку љубоморна на нивниот однос, бидејќи нашиот син е многу слаб кон својот татко“ вели Калиопи.

Инстаграм/ Калиопи
„Тој го сака својот татко повеќе од сè на светот, но тоа е исто така голема радост. Важно е синот да има однос со својот татко и го гледам како некој на кого му верувам слепо кога станува збор за музика, кога ми кажува дека постои причина зошто нешто не е во ред. Она што многу го почитувам кај него е ќе ми дозволи да кажам сè што мислам, но на крај пак ќе биде по негово“, изјави таа за „Блиц“.
Таа откри и како го балансира деловниот и приватниот живот.
„Многу едноставно. Кога влегувам во куќата и облекувам пижами, или кога доаѓаат моите пријатели, кога влегувам во кујната, јас сум Опи, а кога излегувам од неа, ја оставам Калиопи да владее над мене. Тоа се две сосема различни работи, но јас точно знам каде треба да ѝ отстапам место на Калиопи, а каде е Опи, нејзиниот интимен агол, каде што можам да бидам она што сакам да бидам. Балансирам многу добро“, вели пејачката во интервју за споменатиот портал.

Инстаграм/ Калиопи
Пако е огледало на она што сме
Потсетуваме, со Калиопи во една пригода поразговаравме за последниот албум што го направи токму со својот поранешен сопруг.

Инстаграм/ Калиопи
Тие со овој албум одбележаа и 40 години заедничко опстојување на сцената, а Калиопи за овој успешен проект, но и за соработката со Ромео, во ексклузивното интервју за Гламур тогаш изјави:
„Ние работиме континуирано, без престан. Секогаш идеите, верувањата и желбата, се тие кои ни го трасираат патот до студиото. Кога имаме што да си кажеме еден на друг (музички), знаеме дека сме спремни истото да го споделиме и со другите. За овој албум имавме мотив плус – нашата годишнина од почетокот на оваа вредна соработка, која трае долги 40 лета“, изјави Калиопи во една пригода за Гламур.
Таа тогаш додаде и дека поранешниот сопруг најмногу го почитува заради неговата доследност, мудрост, човечност и професионалност, но и дека нивниот заеднички син е нивно огледало.
Целото интервју со Калиопи потсетете се тука >>




