Реклама
BEAUTYНега и здравје

Калинка – рајско овошје кое го чува нашето здравје

Реклама

Калинката е една од најлековитите овошја. Древните Египјани биле погребувани со ова овошје бидејќи верувале дека таа симболизира надеж и нов живот, а на многу стари икони се забележува како Девица Марија и бебето Исус во раката држат калинка.

ФОТО: tasteofmaroc.com

Таа изобилува со витамин Ц, неколку витамини Б, одличен е антиоксиданс, а со нејзино редовно консумирање ќе си го зајакнете имунитетот, ќе ја подобрите крвната слика, квалитетот на косата, кожата и ноктите. Се препорачува да консумирате барем една дневно, затоа што позитивно влијае на хормоните.

Ова „рајско овошје“, како што многумина го нарекуваат, се смета за еликсир на младоста, затоа што го спречува стареењето на кожата, одличен е за сува кожа, ја хидрира и ја обновува длабински, го намалува холестеролот, ги штити бубрезите, се бори против алергиите, шитити од срцеви заболувања, рак на простата, рак на дојка, го регулира метаболизмот и крвниот притисок.

Маркетинг

Калинката можете да ја консумирате на различни начини, можете да си направите и овошна салата, да пиете сок од калинка и да ја користите како додаток во различни јадења.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button