Сокот од калинка има поголемо антиоксидансно дејство, дури и од црното вино и зелениот чај.
Сокот од калинка има поголемо антиоксидансно дејство, дури и од црното вино и зелениот чај. Редовното консумирање калинка ќе ви донесе цврсти нокти, убава и здрава коса, како и душевен мир кој на многумина им недостига. Калинката делува и антиатерогено, односно спречува атеросклероза. Изреалски научници откриле дека консумирањето дневно една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Пиењето на ваков сок во рок од една година го намалува крвниот притисок за околу 21%, а значајно го подобрува и проток на крв во срцето. Исто така гинеколозите утврдиле дека една калинка дневно ги ублажува вообичаените појави во менопаузата. Се тврди дека калинката е овошје против стареење, поради што често е присутна на трпезите на многу холивудски ѕвезди.