Реклама
Секс

Какви вибратори користат Ева Лонгорија, Хали Бери и Парис Хилтон?

Реклама

„Се започна со хит серијата ’Сексот и градот’ кога Шарлота го купи вибраторот-зајак во популарната продавница ’Pleasure Chest’ во Њујорк“, вели Нил Слејтфорд еден од основачите на најпознатата британска продавница за сексуални помагала.

Маркетинг

Бизнисот со секси играчки во Англија вреди 250 милиони фунти годишно, а се очекува тој наскоро да достигне и рекордни 400 милиони фунти. Според Нил, признавањето на популарните холивудски девојки како Ева Лонгорија, Хали Бери, Гвинет Палтроу, Тери Хачер, Парис Хилтон и многу други дека користат сексуални помагала, значително влијаше глобално да се зголеми продажбата на еротскиот алат, пренесува Daily Mail.

Очајната домаќинка, Ева Лонгорија, во една прилика изјави дека има два вибратора и еден „зајак“, дека најдобрите оргазми во животот ги постигнала токму со нивна помош и дека на пријателките секогаш им подарува вибратори:

„Па тоа е најдобриот подарок што можам да го дадам – оргазам“, изјави таа.

Маркетинг

Нејзината колешка пак, Тери Хачер, која исто така е очајна домаќинка, вели дека воопшто не и се потребни мажи откако набавила електронски играчки кои и причинуваат големо задоволство:

„Жена која што вели дека не користи вибратори – лаже“, вели таа.

Според Хали Бери пак, која беше фатена жива како купува масажер за тело во продавницата „Pleasure Chest”  вели дека самозадоволувањето за неа е исто како и одењето во теретана:

„Па вие така само правите нешто добро за вашето тело“, го изнесе таа нејзиното гледиште во врска со сексуалните помагала.

Но, да се разбереме. Тука не станува збор само за вибратори, туку и за разно-разни креми и за сите други еротски помагала. Па, како што веќе прочитавме, Тери Хачер е колекционерка, додека Хали Бери пак, најчесто ги користи од период на периодот, кога е сама, помеѓу две љубовни врски.

Од друга страна пак, Парис Хилтон, а еве и Еве Лонгорија, сексуални помагала користат и кога се со нивните љубовни партнери.

„Па помеѓу нив има некои што се навистина слатки!“- вели Парис Хилтон за нејзиното искуство со сексулните помагала.

Но, треба ли да им веруваме на овие девојки?

Извор: daily mail, vogue.it, штипка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button