Жените родени во знакот Близнаци повеќе внимание обрнуваат на духовното, отколку на телесното. Тешко се заљубуваат, а во сексот целосно се опуштаат дури во зрелите години. Како љубовници, тие се нежни и не сакаат драматични кавги или лажни верувања. Во креветот брзо им здосадува рутината, па сакаат креативни партнери кои ќе им помогнат „да ги срушат границите“.
Од друга страна пак, мажите родени во овој знак се немирни души кои лесно се возбудуваат. Мажот Близнаци не сака да биде врзан за куќата и за жена која го гуши со своата посесивност. Исто така не е љубоморен и на својата партнерка ѝ ја дозволува истата слобода која и таа му ја дава. Во принцип е верен, освен ако не е задоволен со врската. Не е познат по љубовничките способности, и сексот најчесто го прави набрзина.