Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Скорпиите се жалат, а Раковите се прават дека се добри: Какви се хороскопските знаци кога се болни?

Реклама

Распродадени се сите заштитни маски за лице во блиската аптека? Па, најверојатно ги купиле Лавовите. Тие обожаваат брзи решенија и ќе направат се’ само за да не мора да отидат на лекар. Рибите сакаат да се повлечат во изолација, затоа што не сакаат никој да ги види во таква ситуација. Забавувајте се и проверете што прави секој хороскопски знак кога е болен.

ФОТО: healthline.com

Овен

Кога е болен, не го прашувајте ништо Овенот. Ако само го прашате дали е добро, е тогаш почнува со жалење.

Бик

Ако го прашувате Бикот, тој воопшто не е хипохондрик, туку има одговорен однос кон своето здравје. Само да забележат нешто и веднаш одат на лекар.

Маркетинг

Близнаци

Близнаците уште рано наутро ќе му се јават на шефот и ќе му кажат дека се болни и дека не можат да работат. Но, ќе го искористат попладнето за дружење со пријателите…

Рак

Болни? Раковите никогаш не се болни. Секогаш се однесуваат како да се совршено здрави и дека не им треба лекарска помош.

Маркетинг

Лав

Распродадени се сите заштитни маски за лице во аптеките? Па, најверојатно ги купиле Лавовите. Тие мразат одење на лекар, па затоа ќе направат се’ за да го спречат тоа.

Девица

Девицата трпи… Температура, воспалено грло… тоа нема да ја спречи да ги заврши своите задачи, иако ќе се чувствува ужасно, сепак, за тоа ќе молчи.

Вага

Кога е болна, Вагата е немирна. Ако треба да одмора, ќе измисли илјадници работи кои мора да ги заврши и места кои треба да ги посети, само за да не размислува за својата здравствена состојба.а

Скорпија

Кога е болна, Скорпијата нон-стоп се жали. И за своето патење ќе ги извести сите во околината.

Стрелец

Дали му подготвивте на Стрелецот мека постела и топол чај? Па што чекате? Овој хороскопски знак сака неговиот партнер, родителите или пријателите кон него да се однесуваат како кон мало бебе.

Јарец

Кога се болни, Јарците цел ден ќе го поминат во кревет. Нема да им се станува ни за до кујна, а не пак за нешто друго…

Водолија

На Водолиите им треба доста време за да оздравеат. Или пак тоа им е само изговор за да бидат мрзливи…

Риби

Не сте ја виделе Рибата некое време? Најверојатно е болна. Рибите сакаат да се повлекуваат во изолација, и не сакаат никој да ги види во таква состојба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button