Какви се бебенцата родени во август – предлог на имиња што носат среќа!
Августовските бебиња носат позитивност за целото семејство и за сите што се во нивна близина: се раѓаат како мали сонца што носат радост, креативност, логика и харизма. Без разлика дали верувате во астрологија или не, овој текст ви нуди весела и инспиративна перспектива за избор на име и разбирање на уникатноста на вашето бебе.

Август е месец на сјајното сонце кое стоплува и инспирира, а бебињата родени во овој месец често носат дел од таа волшебна енергија.
Од нивната креативност до харизмата, овие мали суштества се како жив спој на лето и љубов. Погледнете што велат психолозите, но и астролозите, за карактеристиките на августовските принцови и принцези – и кои имиња се најпогодни за нивен блесок.

Карактеристики на бебињата родени во август
1. Лидерски гени и голема харизма
Бидејќи голем дел од нив се раѓаат под знакот Лав, овие бебиња често се самоуверените, харизматични и со природен талент за лидерство. Ги освојуваат сите со присуството, за зрачат со топлина и самодоверба.
2. Полни со креативност и фантазија
Стилот на Лавот носи богата имагинација. Августовските бебиња веројатно ќе бидат фасцинирани и од светот на уметноста, театарот, дизајнот.
3. Логични и дисциплинирани
Бебињата родени по 23 август, во првиот дел од знакот Девица, се познати по нивната практичност, организираност и аналитички пристап кон животот. Тие се комбинација од предприемачки дух и смисол за детали.
4. Среќата и оптимизмот се на нивна страна
Истражувањата покажуваат дека децата родени во лето, вклучувајќи ги и децата родени во месец август, често го доживуваат животот исклучително позитивно, тие се многу уверени дека се среќни.
5. Природна висина и добро здравје
Заради интензивната изложеност на сонце од страна на мајките, бебињата често се родени со повисна тежина и можат подоцна во животот да пораснат повисоки.
6. Верни и заштитнички по природа
Карактерните комбинации од Лав и Девица ги прават овие деца исклучително загрижени за своите блиски – нивната лојалност е голема, и ќе бидат секогаш тука за поддршка.

Имиња кои ја слават среќата и топлината на август
За девојчиња:
Далија, Невена, Босилка, Ружа, Лана (од Лаванда)– по цветови што цветаат во август, симбол на креативност и нежност.
Леона, Елиана и Елена – со асоцијативна врска со сонцето и зрачното „лавовско“ семејство.
Ванда е преубаво име кое потекнува од орхидеја, но е близу до лаванда по звучност.
Мила (смиреност, нежност се поврзува со августовската камилица), Милица и Калина – име на цвет и грмушка често поврзувано со традицијата, со значење на плодноста и убавината.

За момчиња:
Лав, Леон – совршено име за мажествено бебе родено под влијание на соѕвездието Лав, односно родено во август.
Аурел ( о латинско Аурелису) со значење блескав, златен, поврзано со златните нијанси на сончогледите на август.Името е ретко, но звучи благородно и има летен сјај.
Светомир, Сава, Свето – со значење на светлина, мир и слава. Имиња поврзани со соцето кое е главен симбол на август.
Наско – народно македонско име, поврзано со името на цветот нарцис, но и како синоним за некој што „се раѓа“ – совршено за летно августовско бебе.
Лазар, Лазо – кое симболизира нов живот, обновување.
Златко – „златен“, како зреените полиња во август.
Во време кога сè повеќе родители бараат имиња што носат симболика, енергија и природна убавина, августовските инспирации нудат богат избор. Сонцето, златото, зрелоста на летото и цветовите што опстојуваат во топлината – сето тоа може да се вткае во едно име. Без разлика дали ќе се одлучите за традиционално балканско име или ќе побарате нешто посовремено со длабоко значење, најважно е името да ја носи топлината и силата на месецот во кој се родило вашето дете.