Реклама
Дом и семејство

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ: Што треба да направите во домот за да имате повеќе пари

Реклама

Ако сакате да ја подобрите вашата финансиска состојба обидете се во вашиот дом да гио направите овие промени кои се засноваат на фенг шуи, старото кинеско учење кое вели дека распоредот на предметите во просторот може да влијае на сите аспекти на животот.

1. НЕ ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ СИМБОЛИ НА ВОДА ВО ДОМОТ

Маркетинг

„Цевките кои протекуваат се знак дека парите ви  бегаат од раце“, вели советничката за фенг шуи Карен Раух Картер. За да ја подобрите финансиската ситуација морате да ги поправите сите расипани цевки и да внимавате да нема вода која подолго време стои, како на пример, редовно да ја менувате водата во вазните со цвеќе. Најдобро е да се избегнува изложување на цртежи или слики со елементи на вода, посебно во спалната и исто така да не се поставуваат огледала на места повисоки од вашиот нос.

2. ВО ДОМОТ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ ЦВЕЌИЊА

Маркетинг

„За да имате просперитет во животот важно е вашиот дом да претставува жив, здрав и инспиративен простор без никаков неред“, вели Лора Бенко, консултантка за фенг шуи. Нередот го попречува слободниот проток на енергијата и поради тоа станарите во домот стануваат мрзливи. Најдобро е животната сила да ја зајакнете со цвеќиња и билки, а исто така и со редовно проветрување на просториите. Треба да земете во предвид, доколку имате голем двор, дека фонтаните претставуваат симбол на пари и богатство.

3. ВНЕСЕТЕ ГИ ВО ДОМОТ БОИТЕ НА БОГАТСТВОТО

Боите во домот влијаат на расположението на луѓето. Црвената боја е многу моќна боја, а ако сакате да привлечете пари во вашиот живот уредете го домот во црвена, зелена и виолетова боја кои се боите на богатството. Но сепак, не треба на сила да ги правите работите. Ако не ви се допаѓаат овие бои тие нема да функционираат во привлекувањето на пари. Фенг шуи не се занимава само со распоредот на предметите во просторот туку и во хармонијата помеѓу луѓето и просторот во кој престојуваат.

4. КУЈНАТА ТРЕБА ДА ВИ БИДЕ ПОСТОЈАНО ЧИСТА

„Кујната е директно поврзана со вашите изгледи за привлекување на пари“, вели советничката за фенг шуи Сузане Метцгер. Кујната треба да биде чиста, фрижидерот убаво среден и полн со свежа храна. Шпоретот треба да биде чист и сите рингли да работат. Исто така, трпезариската маса мора да ви биде беспрекорно чиста, ако сакате да ви се подобри финансиската ситуација.

5. ИСФРЛЕТЕ ГИ СТАРИТЕ И НЕПОТРЕБНИ РАБОТИ

Ако сакате да заработите пари, прво треба да се ослободите од сите стари и непотребни работи во домот. Сигурно имате стари далечински, пегли, облека или чевли кои не ги користите, туку стојат тука за да се најдат. Ако нешто не користе значи дека не ви треба, не ви е важно или не ви се допаѓа и време е да се ослободите од него. Направете слободно место во домот за влез на нова енергија која ќе ви донесе благостостојба и просперитет.

Извор: zadovoljna.hr

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button