Девиците се ретко присутни кога му е потребна помош на пријателот, но тие и ретко бараат услуги од пријатели.
Шкорпиите пак внимателно ги одбираат пријателите, додека Близнаците не сакаат да се во друштво на досадни луѓе.
Овенот ги носи во срце своите пријатели
Овенот е верен пријател. Тој иако не е постојано во контакт со сите пријатели, неколку пати во годината ќе им се јави или ќе ги контатира преку социјалните мрежи. Ваквото негово однесување се должи на неговата презафатеност и едноставно не успева да направи сé бидејќи распоредот секогаш му е пренабиен. Со овните никогаш нема да ви биде досадно, а тие секогаш знаат како да ги развеселат нивните запоставени пријатели.
Биковите се стабилни пријатели во кои можете да имате доверба
Бикот ќе го помине целото свое слободно време со пријателите. Сака да им помага на сите, особено кога се во неволја. Сепак, тој често мисли дека пријателствата се едноставни и дека не треба да вложува во нив, па затоа многу често се разочарува. Неговата најсилна страна е стабилноста.
Близнаците не ги интересираат досадни луѓе
Близнаците се прекрасни пријатели. Околу нив секогаш има луѓе со кои што тие сакаат да си поминуваат убаво, да патуваат и да се смеат. Тие ќе донесат радост на секоја личност со која што се дружат и ќе се обидат да ги орасположат и развеселат сите. Но, тие ги сакаат само таквите пријатели. Досадните и нервозните луѓе кои секогаш ја расипуваат забавата воопшто не ги интересираат.
Раковите не сакаат било какви пријатели
Раковите се одлични и верни пријатели кои не се наклонети кон идејата своите пријатели да ги делат со други. Ракот сака да знае дека ви е најдобар пријател, а не само пријател. Своие тајни ги чува само за себе и многу ретко ги споделува со пријателите. За да дојдете до него, поребно е да вложите многу труд, но затоа пак секогаш ги слуша туѓите проблеми и дава совети.
Лавовите се едни од најдобрите пријатели
Лавовите се забавни и секогаш расположени пријатели. Сакаат дружење и собирање со пријателите, каде секогаш тие се главните забавувачи. Лавот е постојано со блиските пријатели, бидејќи за него тие се вистинско богатство. Тој радо брбори и зборува за сé и сешто, па дури и озборува, но кога ќе потреба, тој секогаш ќе ви се најде во неволја.
Девицата сака искрени пријатели
Девицата секогаш ги искажува отворено своите чувства пред другите, но и постојано е тука за другите. Секому ќе му помогне кога ќе треба, но ретко кога бара помош од своите пријатели. Нешто што најмногу го цени е вистината и не сака кога пријателите ја лажат. Од таквите многу брзо ќе се реши!
Вагите пријателството го доживуваат емотивно
Вагите во животот постојано се опкружени со многу пријатели и тие уживаат во нивното друштво. Поголемиот дел од нивните пријателства се интезивни и полни со емоции. Тие се врзуваат со пријателите, радо им помагаат и даваат добри совети. Сепаг, Вагите треба да внимаваат со оддавањето на тајните, бидејќи лесно можат да си ги загубат пријателите.
Шкорпиите внимателно ги бираат пријателите
Овој знак многу тешко ги пронаоѓа вистинските пријатели и секогаш внимателно ги одбира луѓето со кои ќе ги дели тајните. Своите пријателства ги гради врз основа на доверба и чест. Шкорпиите целосно му се посветуваат на секое пријателство, поминуваат многу време со пријателите и никогаш нема да ги запостават и заборават.
Стрелците сакаат да даваат совети
Стрелците се забавни и верни пријатели. Тие ги ценат пријателите и сакаат да ги орасположат во секоја ситуација. Тие се оптимистики знаци и никогаш не сакаат песимисти за свои пријатели.
За јарците пријателството е свето
Овој знак е верен пријател и за него пријателството е свето. Тие секогаш им помагаат на пријателите, иако никој тоа од нив не го бара.Тие сакаат повеќе да даваат отколку да земаат и никогаш не бараат помош од своите пријатели.
Водолиите често ги идеализираат своите пријатели
Водолиите често ги идеализираат пријателите и не ги гледаат нивните маани. Токму затоа тие многу често ќе се разочараат. Тие се многу добри пријатели и секогаш помагаат кога некој ќе се најде во неволја.
Рибите се грижат за своите пријатели
Рибите многу го ценат пријателството и се верни пријатели. Тие се грижат за своите пријатели, внимателно ги слушаат и секогаш се интересираат за проблемите на пријателите.