Реклама
Коса

Какви фризури оставаат впечаток кај мажите!?

Реклама

Косата е многу битен детаљ кој што честопати знае да биде она по кое една жена/девојка ќе остане запаметена…..

Маркетинг

Иако е непобитен факт дека она што мажите најмногу го запаметуваат кај нас жените се градите и задникот, тоа не значи дека комплетно треба да се концентрираме само на овие наши анатомски делови. Знаете како велат Америте…”Devil is in the details”. A фризурите се секако едни од оние ’споредни‘ работи, кои што дури и кога не се во фокусот на погледот на посилниот пол, кој што ние секогаш сакаме да го импресионираме, секако никогаш не остануваат незабележани. Што со други зборови би можело да се каже: доколку имате на себе екстра предизвикувачко и тренди деколте, со кое што ќе ги истакнете близначките со кои ве дарил семоќниот, или пак сте ги облекле фармерките кои што најубаво ви го истакнуваат задникот, доколку косата не ви е средена воопшто, туку е мрсна, има на жалост природна изглед на исушена слама, добила облик како претходно да сте бркале во штек, тогаш оценката за споменатите позитивни атрибути, веднаш стрмоглаво ќе падне. Кратко наравоучение би било дека никогаш не треба да ја запоставувате вашата коса.

alt

Маркетинг

Секако, ова не значи дека мора секој петок да одите на фризер и таму да го трошите најголемиот дел од вашиот скромен буџет, туку едноставно да бидете свесни дека вашата коса е нешто на кое мора да му се обраќа внимание.

Факат е дека мажите сакаат кога жената има долга коса, во нивната колективна несвесност, долгата коса е симбол на женственост и клише кое тешко се искоренува. Но ние нема сега повторно да бидеме добри вили кои што ќе ги решаваат нивните патолошки состојби на свест – и повеќе од доволни се целиот низ на глупости кои мораме да ги трпиме од нив, само за да добиеме неколку минути на задоволство и внимание – туку ќе се сконцентрираме на нас самите.

Долгата коса е еден од наједноставните начини со кои со само малку повеќе внимание, секогаш ќе поминувате добро. Но имајте на ум дека претерано долга коса никогаш не била, нити пак ќе биде силен афродизијак. Најдобро е да ја одржувате на должина од почетокот на рамениците, до десетина сантими под нив. На овој начин никогаш нема да оставите впечаток дека се бавите со окултизам, а дома под креветот криете метла со која се обидувате ноќе да полетате. Премногу долгата коса секогаш асоцира на немарност, нехигиена (веднаш ќе помисли: ако ја мрзи на главата да си го среди фризот, тогаш каква е на други места), а доколку конкретната вечер таргетирате фаца која што се напила или ’напушила‘ малку повеќе, можно е да му предизвикате и визија за себе, на девојчето од филмот „Прстенот“. А тоа верувајте ми, секако не го сакате. Затоа редовно средувајте ги врвовите, обидувајте се и да направите добри “степеници‘, кои што ќе започнуваат некаде од кај носот.

Доколку имате правилна форма на главата, кратката коса секогаш ќе остави силен впечаток. Точно е дека во моментите на самото стрижење треба многу да се внимава, но доколку ја најдете вистинската мера, со сигурност веќе ја имате завршено пола од работата, што се однесува до освојувањето на вашиот Аполон. Ако сте пак личност која што во комплетниот стил на облекување има препознатлив субкултурен и underground шмек (фармерки, дуксерици, унисекс чизми и патики, широки панталони…), тогаш слободно можете да одите и на ’нуларица‘. Она што можам да ви го кажам како проверно од прва рака е дека има нешто кај мажите (повторно во нивната колективна несвесност) што необично силно ги возбудува кога водат љубов со девојка која има сосема кратка фризура, исто така познато и како ’лустер‘. Прво, колку често тој и да има секс со различни девојки, секако не се чести тие со коса пократка од неговата, па така ова во старт го интригира. Второ, посебно во моментите на сексуална екстаза, тие ги откриваат потсвесните нагони за ситна перверзија: допираат убаво женско тело, а од очите не може да им излезе силуетата на машки лик.  

Една од фризурите со кои што најмногу треба да внимавате се т.н.’шишки‘. Колку и да бидат тренди, култни, во склад со стилот на облекување кој што го имате, тие најчесто знаат да бидат прикриено самоубиство. Доколку имате поостри линии на носот, шишките ќе ве прават да изгледате постојано озбилна, а насмевката ќе ви ја пренагласуваат. А тоа е нешто што не остава добар впечаток кај ни еден мажјак, освен можеби кај оние најзагорените, А како вие не сте Мајка Тереза и немате мисија да им помагате на најзагрозените, ваквата авантура не ви е потребна. Еден исто така непобитен факат за шишките е дека во најголем број случаи, ве прават да изгледате постари, или пак во најдобар, комплетно ви го одземаат младешкиот сексипил. А тоа исто така знаеме дека никоја жена не го сака. Затоа, шишки воглавно се препорачуваат на фаци кои имаат мало носе, или пак инфантилен изглед, па тогаш, во таквиот случај ќе можете да ги разгорите неговите ’полупедофилски‘ страсти. И за крај, внимавајте и на должината – никогаш да не биде прекратка, освен ако не го кратите и останатиот дел од косата, со што доаѓаме до ниво на краток фриз.

alt

Бојадисувањето исто така е суптилен момент, но во истовреме момент кој треба да се искористи. Мажите секогаш ги забележуваат убавите тонови на косата кај нас жените, затоа ова може да се евалуира. Но пред да отидете кај фризерот или пак (како што почесто се случува) во продавница и да купувате фарба, добро изанализирајте го сопствениот тен. Она што со сигурност го знаете (освен ако пред неколку месеци за прв пат сте излегле од пештерата во урбаниот свет) е доколку имате темен тен, немојте да направите будала и паљачо од себе, бојадисувајќи се со плава боја. (Инаку зборот плава не е србизам – како што некои наши полуписмени лингвисти се обидуваат да го прикажат – туку доаѓа од старословенскиот збор „плв“, што е ознака за бело, светло….и кој што збор потоа добил свои модификации во говорот на различните народи со словенско потекло, меѓу кои сме и ние).

Црвената ретко некому комплетно да не му стои, а освен тоа ја имате во повеќе нијанси. Оваа боја секогаш остава силен впечаток кај нашите цели за освојување, па така како црвенокоса, секогаш ќе имате џокер во ракавот, кој што може лесно да ве доведе до целта. Шатираната коса може да има ефект, но никогаш не траен. Затоа правете го тоа само во ретки и исклучителни прилики и периоди од животот. Црната боја е исто така класика, која што му дава посебен сјај на целокупниот ваш изглед, па затоа со неа ретко кога можете да погрешите. Освен тоа, кај мажите кои што претпочитаат медитериански изглед на девојка, црната ќе биде природна конјункција на вашиот избор и верувајте ми, вашиот сексипил ќе биде неодминлив.  

alt      

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button