Какви фризури и бои за коса се во мода оваа есен и зима?
И оваа сезона во мода се бои за коса кои даваат совршен и беспрекорен сјај, но и кои суптилно ќе ја нагласат природната боја на вашата коса.
Едноставниот природен изглед, и пред се, убава и негувана коса се главните карактеристики и кога станува збор за трендовите за бои на коса. Што се однесува до фризурите, се уште хит се мегапопуларните боб фризури, додека за боите за коса можеме слободно да кажеме дека ниту една не се истакнува посебно, туку можеме да забележиме разнолики нијанси, од темно кафеави па се до црвени и руси нијанси. Ако некој случајно се одлучи за омбре, balayage или tigereye техника, таа треба да биде направена на природен начин како не би се забележувал преминот и не заборавајте дека овие популарни техники се користат само за текстура, но не и за целосна промена на бојата на косата. Самите треба да ја изберете вашата омилена нијанса и фризура и оваа есен да уживате максимум во вашиот нов изглед.
НАША ПРЕПОРАКА
Ние ви ги препорачуваме да ги пробате професионалните бои Beauty Color од познатиот бренд LORVENN PARIS преку модните трендови за оваа есен, без разлика дали користите природни, црвени или руси нијанси. Со нив можете лесно целосно да го промените вашиот изглед, односно бојата на вашата коса, да ја тонирате, но и целосно да ги покриете белите влакна.
Како да го направите тоа
Креирајте комбинација која ви се допаѓа од големиот асортиман на бои, нијанси и тонови на фарбите за коса Beauty Color од LORVENN PARIS. Бојата најпрво треба да ја растворите со хидроген и потоа да нанесете според упатството кое се наоѓа во пакувањето. Производите содржат протеини од бадем и витамини C кои навлегуваат во внатрешноста на влакното, ја зајакнуваат и омекнуваат косата, давајќи и живост и свиленкаст сјај.